Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица
ХРОНИКА

Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица

Објавено June 3, 2025 12:56
Сподели
Сподели

Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронајдоа дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево, како и во цевката во долниот дел од цистерната. Возачот на товарното моторно возило – цистерна, за да може полесно да ги извади штеките цигари ги поврзал со сајла и така ги скрил во цевките, се со цел да избегне плаќање давачки во износ од 81 илјада денари. Против него е поведена соодветна постапка, а штеките цигари и тутунот се запленети.

Во друг случај на граничен премин Богородица Службата за мобилни скенери при скенирање на товарно моторно возило – цистерна, откри 6 штеки цигари скриени во кабината. 

Запленети 30 илјади евра што патник сакал нелегално да ги изнесе преку граничен премин Богородица. Станува збор за српски државјанин кој со себе носел 40 илјади евра и за кои возачот не поседувал потврда за пријавени платежни средства при влез во државата. Согласно закон на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што нерезиденти може слободно да го изнесат од државата, додека останатите  30 илјади евра се задржани.

Службата за мобилен скенер спречи обид за нелегален влез на четири мигранти, државјани на Египет. Мигрантите се пронајдени во просторот за палети на камион со грчки регистарски таблички, на влез во државата, на граничен премин Богородица. Случајот е предаден за понатамошна постапка на полициските службеници од граничниот премин.

Спречен обид за шверц на 540 шишиња вино коишто биле скриени во автобус, пријавен за влез во државата на граничен премин Блаце.

143 резервни делови за возила и 24 литри моторно масло, се пронајдени при контрола на автомобил управуван од албански државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.

– Три таблети, две матични плочи и четири читачи на жетони за кафе-апарати се откриени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Блаце.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР поднесе прекрошочна за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го улови Данела
Следна Статија Падна холандската влада поради несогласувања за плановите за миграција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина писателот Наум Бајо

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека денеска починал писателот, новинар и публицист Наум Бајо, член на ДПМ од…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска

Едно лице загина, а едно е повредено откако автомобилот во кој се возеле удрил во лос во близина на влезот…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Безброј пропусти кои доведоа до пожарот во кој загинаа 59 лица: Осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 34 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Почина Драги Гроздановски, порашен пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Битола

Почина Драги Гроздановски поранешен пратеник од Битола. Гроздрановски е роден 1957 година во Битола. Завршил Правен факултет, беше пратеник од…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?