Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

Објавено June 3, 2025 14:54
Сподели
Сподели

Резолуцијата за Македонија што ја изгласа бугарскиот Парламент е навредлива и со неа во старт се оневозможува заедничкото чекорење низ дијалог, оцени денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Таа очекува во Европскиот парламент (ЕП) да биде поддржана Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Во спротивно, како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања, тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на ЕП.

Сиљановска Давкова се уште не може да прецизира дали на претстојниот Самит на НАТО во Хаг ќе има средба со бугарскиот колега.

Ова е уште една, веќе имало неколку резолуции, меморандуми и сите се повикуваат на нив. Се разбира, навредливо е такво нешто да се направи зашто во стартот го оневозможувате заедничкоот чекорење низ дијалог. Суштината на Преамбулата во Договорот за добрососедство и пријателство е таа, да помагаме. Можете да помогнете некому со разбирање. Мислам дека не е во ред. Се разбира, во друга држава сега би следела иста таква декларација во Парламентот, но мислам дека аргументите што ги изнесуваме, иако многу велат ништо не сме правеле во овој период, јас тврдам дека немало претседател, министер, премиер со кој сум седела, а не сум му ги објаснила нашите позиции ама не низ призма на нашиот Устав, туку низ призма на нивните уставни документи. Ако не се почитуваат тие, тогаш не може ЕУ да биде филозофија оти филозофија, што би рекол господинот Макрон ама и студентите на Сорбона, без почитување принципи и вредности нема, без нив ЕУ не е политичка заедница, туку е политичка и бирократска машинерија. Тоа не треба да биде ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ зашто е инспиративна или според актите, а и според постапувањето токму во поглед на почтиувањето на овие принципи и вредности – нагласи претседателката.

Во однос на Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик, Сиљановска Давкова очекува во Европскиот парламент да биде поддржана.

Се разбира дека очекувам поддршка, но искрено, не очекував во 21 век во Европскиот парламент да прочитам или да чујам некои амандмани, замислете во 21 век да оспорувате нечиј идентитет. Тоа е непознат феномен, особено што седите во институција која е дел од ЕУ во чии основни, конститутивни документи како Договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, се гарантира почитувањето на националниот и културниот идентитет, на човековиот дигнитет и интегритет. Тоа е нешто шокантно. Значи, очекувам Резолуцијата да биде поддржана, зашто во спротивно тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на Европскиот парламент – нагласи Сиљановска Давкова.

На прашањето за евентуална средба со бугарскиот колега на Самитот на НАТО во Хаг, одговори дека не може точно да каже дали тоа ќе се случи

Не можам точно да ви кажам, но јасно ви е дека не само овде, во Брисел или во некои главни градови за тоа се разговара. Кога бев и во посета на Казахстан разговарав за овие прашања со многу од присутните таму – потенцира претседателката.

Таа уште еднаш порача за клучните прашања да решаваме со консензус, да не одиме надвор пред да се договориме дома.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Реалниот раст на БДП во првиот квартал, според Еуростат, e 3,2%
Следна Статија Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дома си заминуваат 12 пациенти: Уште 27 се лекуваат во Македонија по пожарот во Кочани

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат модерна сообраќајна артерија

Со инвестиција од 88.874.397 денари, финансирана преку Министерството за транспорт, во општина Кочани ќе се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“. Опфатен…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Потешкотии во мобилната телефонија на А1

Дел од корисниците на мобилниот оператор А1 денеска имаат потешкотии во мобилната телефонија. Од компанијата велат дека работат на отстранување…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?