Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита и со сет механизми се справуваме со несоодветни однесувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита и со сет механизми се справуваме со несоодветни однесувања
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита и со сет механизми се справуваме со несоодветни однесувања

Објавено November 24, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Насилството и училиштето не одат заедно. Министерството за образование и наука е посветено да ги заштити децата и младите, преку градење на безбедна и поддржувачка средина каде што ќе можат да растат, учат и да напредуваат, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ „Насилство врз млади жени и девојки: сексуално вознемирување и следење“.

„Системот на воспитување и образование има воспоставено механизми за спречување и справување со насилство, вклучително и насилство врз девојчињата и младите жени. Првиот механизам е преку регулативата, што сега е предмет на ревизија, со цел да зајакнеме повеќе сегменти, меѓу кои и заштитата од секакви форми на дискриминација и насилство. Во делот на превентивата, воведуваме одредба дека во училиштата се остваруваат и програми за заштита од насилство и за спречување дискриминација, низ различни наставни и воннаставни активности кои се организираат со родители/старатели, општини, граѓански здруженија и така натаму“, посочи министерката.

Во воспитно-образовниот процес, местото на наставникот е клучно и од аспект на градење свест кај учениците дека никој не смее да биде жртва на насилство, а доколку се случи, за насилството не треба да се молчи. Наставниците посетуваат и обуки за препознавање и спречување на родово базирано насилство. При секое несоодветно однесување на ученик, наставникот прво се труди сам да го надмине предизвикот, по што може да се вклучи и стручната служба во училиштето, а понатаму и Педагошката служба при министерството.

„Како Министерство, ги охрабруваме сите ученици и ученички да пријавуваат насилство во каква било форма, и тоа го прават на електронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk, директно во Педагошката служба или во Државниот просветен инспекторат“, укажа Јаневска.

Во контекст на превенирање на какви било несакани однесувања, министерството на почетокот на оваа учебна година до училиштата достави насоки да се организираат повеќе активности наменети за подигање на свеста за важноста од градење мирни и хармонични училишни заедници. Меѓусебното разбирање, почит и емпатија се темелите на таквата средина и тие се вредности кои сакаме да ги всадиме кај нашите млади луѓе уште од рана возраст.

Министерката посочи и дека МОН спроведува мерки и активности не само за да ги заштити девојчињата од насилство, туку и за нивна поголема вклученост во повеќе аспекти и сегменти на образовниот систем. Како примери ги наведе поддршката за вклучување во СТЕМ областите и предноста при аплицирање за стипендии доколку поголема конкуренција се момчињата.

Изразувајќи благодарност до Мисијата на ОБСЕ за поддршката што ја дава на МОН, порача дека само со заеднички напори може да се создаваат квалитетни генерации, вклучително и девојки и жени подготвени да предводат нови општествени промени кон подобро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сирени за тревога низ Израел: Хезболах испука 150 ракети (ВИДЕО)
Следна Статија Еврото на најниско ниво во однос на доларот во последните две години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Maкедонија и Црна Гора лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ

Maкедонија и Црна Гора се неприкосновени лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ, покажа најновиот извештај на Брисел. Европската…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира македонскиот идентитет

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на, како што рече, активната пропаганда во Европскиот парламент…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал?

Струмичкиот бизнисмен, Ристо Крмзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на фантом фирми преку кои цицал од државниот буџет…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Минчев поднесе претставка за дискриминација при вработување во Општина Липково

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд,…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?