Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уште една кривична за криминалите во Лотарија, со лош тендер украле 200.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уште една кривична за криминалите во Лотарија, со лош тендер украле 200.000 евра
ХРОНИКА

Уште една кривична за криминалите во Лотарија, со лош тендер украле 200.000 евра

Објавено June 3, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, соопшти денеска МВР.

Првопријавениот, во својство на претседател на управен одбор на Државна лотарија на Р.Македонија, усвоил план за изменување и дополнување на планот за јавни набавки за 2023 и го намалил периодот на важност на договорот за изнајмување софтвер за лотариски систем на една година со што двојно ја зголемил проценетата вредност за набавката и склучил договор со друго правно лице.

Второпријавениот, во својство на директор на Сектор за информатички технологии, изготвил барање за измена на планот за јавни набавки со Секторот за јавни набавки на Државна лотарија на РСМ за 2023, во кое навел дека предвидените средства за изнајмување на софтвер на лотариски систем во висина од 12.000.000 денари не се доволни и исто така не преземал дејствија за раскинување на договорот со едно правно лице и покрај тоа што знаел дека постапуваат погрешно во делот на одржување на софтверот.

Второ, трето и четврто пријавените, во својство на членови на комисија за јавни набавки, изготвиле извештај од спроведена постапка од 2023 во која констатирале дека доставените понуди од едното правно лице и другото правно лице ги исполнувале критериумите, и покрај тоа што не ги исполнувале бараните критериуми. Петто и шесто пријавените во име на правните лица склучиле договор за поднесување на заедничка понуда во отворена постапка, во кој навеле дека освен банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот едното правно лице ќе обезбеди и развиен софтвер за лотариски систем, додека пријавеното правно лице не се придржувало и не ги исполнило условите и барањата од набавка.

Од преземените дејствија, двете правни лица се стекнале со противправна имотна корист од 11.870.754 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
Следна Статија Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пијана кавадарчанка со остар предмет го повредила сопругот, по што била приведена

Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот - Денеска во…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Трагедија во Охрид: Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан

Македонската културна и медиумска јавност од вчера е во шок по веста за смртта на младиот охридски снимател, фотограф и…

January 13, 2026
ХРОНИКА

Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?