Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна
ЕКОНОМИЈА

Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна

Објавено June 3, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Според медиумот mk.bloombergadria.com за период од десет години увозот на земјоделско-прехранбени производи е зголемен трипати. Негативниот биланс во 2014 година изнесувал околу 150 милиони евра, во 2023 година надминал 430 милиони евра.

Во вакви околности се наметнува дилемата дали силната државна поддршка се исплати и дали треба да се смени нешто. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и минатата недела, по завршувањето на годишниот скрининг, препорача „во секој ребаланс на буџетот, властите да избегнуваат зголемување на трошењето и да се насочат кон намалување на даночните расходи и трансфери (на пример: субвенции во земјоделството)“.

На крајот на минатата година беше извршена среднорочна процена на остварувањата во сите потсектори во земјоделството за период од десет години. Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна, кој работеше на процената, во изјава за „Блумберг Адрија“ вели дека дошле до заклучок дека, и покрај растот на поддршката, производството се намалува.

„За жал, добивме резултати што кога ги вкрстивме со трендовите на буџетските поддршки (субвенциите), се покажа дека и покрај зголемувањето на субвенциите, производствените капацитети (обработливо земјоделско земјиште и број на добиток) се намалени, што доведува и до намалување на производството. Единствени потсектори во кои има мало зголемување или задржување на состојбата се овоштарството и свињарството. Особено поразителни се податоците за сточарските потсектори (освен кај свињарството). На пример во говедарството бројот на говедата се намалил за околу 100 илјади или во просек по 10 илјади грла годишно“, вели тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите
Следна Статија Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава…

February 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Oд полноќ поскапи бензини за еден денар

По случувањата на Блискиот Исток и очекувањата за скок на цената на нафтата, стигнаа и првите поскапувања на нафтените деривати…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.

„Само финансиски едуцирани лица можат да носат издржани финансиски одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање од кои ќе зависи…

April 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Можно е минимално поскапување на струјата

Од 1 јануари можно е граѓаните да имаат повисоки сметки за струја, но точниот процент на поскапувањето сè уште не…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?