Две нови дигитални услуги на Министерството за внатрешни работи се достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk.
Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализација на своите услуги кон граѓаните.
Преку порталот uslugi.gov.mk пуштени се во функција две нови дигитални услуги и тоа:
– Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица
– Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица
-Министерството целосно ги става во функција своите капацитети со цел дигитализација во иднина на што повеќе услуги за граѓаните, велат од МВР.