Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди

Објавено June 4, 2025 14:47
Сподели
Сподели

Проблемот околу инфлацијата, просечната плата е малку покомплексен и треба време за да се среди. Работиме во континуитет, не сме застанале во тој дел, истакна денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарски прашања на пре-конференција.

Еден од приоритетите на Народната банка, нагласи, е инфлацијата.

  • Знаеме дека имавме два моменти кои беа клучни во изминатиот период што се случуваа и не можат да се средат преку ноќ. Едниот момент е колективните договори, кои што ги имаат различни институции, со кои во континуитет преговараме и договараме како понатаму, но ние мораме да ги испочитуваме обврските кои некој пред нас ги превземал, тоа е едниот момент. И вториот момент кој мене многу повеќе ме загрижува тоа е дека просечната плата и понатаму ќе расте поради тоа што нема доволно работна сила и компаниите во приватниот сектор имаат голем проблем со ова. Сега се трудиме нешто да направиме во тој дел со преквалификации, одредени промени на закони, но треба време да се направат анализи, рече Димитриеска-Кочоска.

Со гувернерот, нагласи, дека треба да се усогласени.

  • Фискалната и монетарната политика мора да бидат усогласени една со друга. Утрово го имавме првиот состанок со гувернерот, се договоривме за почести состаноци во насока да имаме координирана заедничка политика, затоа што фискалната и монетарната политика мора да функционираат една со друга, додаде министерката за финансии.

Во однос на финалната потрошувачка, појасни, растот на плати од 10 отсто по автоматизам значи и финалната потрошувачка.

  • Луѓето добиваат повисоки плати, повисоки пензии и финалната потрошувачка расте. Тука воопшто немаме никава дилема. Во однос на инфлацијата, ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, знаеме дека имаше и мерки спроведени од страна на Владата и тој дел се следи, ќе се координираме со монетарната политика, ќе спроведуваме и ќе реагираме соодветно на предизвиците кои што ќе следат, подвлече Димитриеска-Кочоска.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет
Следна Статија Почина тригодишно дете од Кавадарци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Турската компанија Џагатај Кабло ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството со изградба на нов објект

Турската компанија Џагатај Кабло, која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1, ќе инвестира 6 милиони евра…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Федералната резерва ја намали каматната стапка, но иднината е неизвесна

Централната банка на САД ја намали каматната стапка по трет пат годинава, но изгледите за идни намалувања остануваат нејасни.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Евалуација на следењето на синџирот на мислата – OpenAI

Претставуваме евалуации за следење на синџирот на мислата и проучуваме како тоа се менува со пресметковното време за тестирање, зајакнувачкото…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Газда на фабрика во Кавадарци не ја пушти да влезе адвокатката која застапува фамилија на загинат работник од Кина

Адвокатката Маја Ристова, која ја застапува фамилијата на работникот од Кина што неодамна почина на работното место, јавно го обвини…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?