Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Обезбедивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства од Кочани кои се лекуваа во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Обезбедивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства од Кочани кои се лекуваа во странство
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Обезбедивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства од Кочани кои се лекуваа во странство

Објавено June 5, 2025 13:10
Сподели
Сподели

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина „Кочани е нашиот приоритет“, која се одржи во Владата и која беше посветена на трагедијата во Кочани, говореше за реализираните активности во делот на логистиката, особено во делот на поддршка на семејствата коишто заминаа заедно со повредените кои беа на лекување во странство.

 „На тој кобен неделен ден, на кризен координативен состанок Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да биде логистика и поддршка на луѓето коишто ќе се лекуваат надвор од Македонија. Тука би сакал да изразам една голема благодарност до Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана коишто ни беа логистичка поддршка на терен, особено во странство и сите амбасадори коишто ни беа таму нашата поддршка и поддршка на пациентите“, изјави Томовски. Тој изјави дека веднаш е објавен телефонски број, којшто и ден денес е достапен за сите луѓе коишто беа засегнати во оваа несреќа. Томовски информираше дека од резервите на Буџетот на државата се одвоени 30 милиони денари за да се пружи помош при транспортот, сместувањето на придружбата на овие пациенти и дека до овој момент се потрошени 21 милион денари државни пари. 

„Издвоивме почетни 30 милиони денари од резервите на Буџетот на државата за да се пружи помош при транспортот, сместувањето на придружбата на овие пациенти и додаде:

Уште 7 пациенти се на долекување во странство, исто имаат придружба, исто така им се покриваат трошоците за сместување и се надевам дека за брзо ќе ги вратиме назад во нашата држава. Она што би сакал да го потенцирам е дека до овој момент се потрошени некаде околу 21 милион денари државни пари, коишто повторно ќе напоменам, тоа не значи дека тука се завршува. Државата стои на располагање и ќе стои се до оној момент додека не добиеме јасна слика и додека не си ги вратиме пациентите тука назад во Македонија и да ги излекуваме до крај“, информираше директорот Томовски. Тој се осврна и на соработката со Црвениот крст, и истакна дека Владата се придружила на донаторската сметка на Црвениот крст. 

„Исто така, имавме соработка со Црвениот крст, бидејќи се придруживме на донаторската сметка на Црвениот крст и пруживме помош на пациентите и на луѓето коишто се лекуваат и во странство и во Македонија“, подвлече директорот на СОЗР, Томовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште се во болница
Следна Статија Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски

Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, се огласија вчера премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и…

May 9, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?