Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

Објавено June 5, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

На трибината “Кочани е наш приоритет”, Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство.

Во однос на критиките на дел од пациентите, Клековски рече дека има впечаток дека до јавноста како повеќе да стигнуваат негативните примери, отколку позитивните, нагласувајќи дека има повеќе такви.

– Друга е перцепцијата и очекувањата. Можеби треба да направиме групни средби како е направено и што е направено, бидејќи сметам дека довербата меѓу пациентите ќе биде поголема, бидејќи имаме и позитивни искуства и примери, изјави Клековски.

Планот сега, рече Клековски, е повредените да се вратат во болниците од каде потекнуваат, додека сите кои имаат потреба од преврски се третираат на Клиниката, додека а оние на кои им е потребен третман со физикална терапија се третираат во Кочани.

Клековски, изрази уверување дека во Болницата во Кочани моментално сите потреби за дополнителна нега се решени, посочувајќи дека болницата има и кадар и ресурси – двајца физијатри и четворица физиотерапевти, додека буџетот за оваа година изнесува и има 249 милиони денари.

– Исто е и со ракавиците. Тие се прават по нарачка и земени се мерки. Тоа го финансира Сапорт Кочани, како што други работи ги финансираат други. Одговорно тврдам дека правиме максимум, изјави Клековски.

Во однос на боледувањата, Клековски рече дека се решаваат во од и повика доколку има каков било проблем да се обратат во подрачната служба да се регулира.

-Во рамки на законот правиме се што е можно. Мора да нагласам дека во Фондот има подготвеност да направи се што е во рамки на законот. Имавме шест повредени дека не биле осигурани, додека други шест не биле осигурани, а ги осигурале по несреќата. Законот вика дека не може да одите на боледување без шест месеци стаж. Не е логично да се очекува Фондот да го крши законот. Правиме напори да се смени законот да важи за сите, рече Клековски.

Во однос на барањата на дел од пациентите да направат контролни прегледи во болниците каде биле лекувани во странство, Клековски рече дека доколку имаат потреба и сакаат да го продолжат лекувањето таму, ние немаме против.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Обезбедивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства од Кочани кои се лекуваа во странство
Следна Статија (Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши со осуда за вчерашното насилство и дивеење

Во врска со последните настани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, најостро го осудува секој чин на дивеење, без разлика на…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали Пулс“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски нема конкуренција: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ до убедливо најголема поддршка

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?