Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен

Објавено June 6, 2025 09:34
Сподели
Сподели

Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за Македонската информативна агенција (МИА), потенцирајќи дека фиксниот девизен курс и натаму ќе биде цврста основа на макроекономската стабилност во земјата.

Гувернерот истакна дека режимот на девизен курс којшто го практикува земјава е поддржан од сите досегашни влади, деловната заедница, експертската јавност и меѓународните институции.

„Не само што нема дилеми, туку и не слушаме повеќе повици или навестувања за промена на курсот, што претходно знаеја да се појават. Фиксниот девизен курс добро ѝ служи на македонската економија. Свесни сме дека каква било интервенција во паритетот на националната валута во однос на еврото би предизвикала значителна штета, без речиси никаква корист, со оглед на високиот степен на отвореност на македонската економија“, рече Славески.

Славески ги повика граѓаните и бизнисите на спокојство, уверувајќи дека нивните заштеди и планови се сигурни во стабилен и предвидлив финансиски систем.

„Народната банка ќе обезбеди стабилен курс и стабилно финансиско окружување за реалниот сектор. Работиме во тесна координација со Министерството за финансии и со сите релевантни институции“, рече тој.

Дополнително, гувернерот потенцира дека финансиската стабилност и сигурноста на заштедите се поддржани и од силниот банкарски систем и супервизорските капацитети на Народната банка.

„Имаме здрав банкарски систем, со високо ниво на капитализираност, над меѓународните стандарди,“ рече гувернерот.

Во интервјуто беше подвлечено и дека Народната банка ужива висок кредибилитет кај меѓународните финансиски институции и дека таа соработка ќе продолжи и понатаму, со визија да се зачува независноста, да се зајакнуваат институционалните капацитети и да се обезбеди долгорочна стабилност.

На крајот, тој ја потенцираше визијата за зајакнување на институционалната независност и инвестирање во човечкиот капацитет како клучна основа за долгорочна стабилност и развој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија
Следна Статија Македонија вечерва ја пречекува Белгија во мундијалските квалификации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дизелот драстично поевтинува – ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука…

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, успеавме да го легализираме

Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Успеавме да го легализираме имотот на државата. Вилите Водно 1,…

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска ќе точиме поевтини горива

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли

Директорот Гоце Димовски заедно со амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски денес во Загреб оствари средба со Матија Шешок, претседател…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?