Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски тенисер обвинет за силување во Америка – му се заканува долгогодишна робија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонски тенисер обвинет за силување во Америка – му се заканува долгогодишна робија
СПОРТ

Македонски тенисер обвинет за силување во Америка – му се заканува долгогодишна робија

Објавено June 6, 2025 10:50
Сподели
Сподели

Македонскиот тенисер Берк Бугариќ е обвинет за силување во американската сојузна држава Јута. 21-годишниот Берк е тенисер во тимот на Универзитетот во Јута.

Неговото одење во САД по македонските медиуми беше опишано како историски успех затоа што има целосна стипендија, но наместо успех тој сега е обвинет за тешки кривични дела, јавува Радио Лидер.

Шест кривични дела: Обвинувања за силувања и сексуално насилство

Македонскиот тенисер се соочува со сериозни кривични обвиненија за силување и други сексуални обвинувања. Канцеларијата на јавниот обвинител на округот Солт Лејк поднесла вкупно шест обвиненија, сите класифицирани како тешки кривични дела од прв степен кои можат да донесат долгогодишна затворска казна.

Според обвинителниот акт, инцидентот се случил на 16 ноември 2024 година, кога Бугариќ и група пријатели, меѓу кои и оштетената, идентификувана со иницијали А.А., излегле заедно во бар, а потоа продолжиле во неговиот дом.

Американските медиуми пренесуваат дека судските документи стои дека двајцата влегле во спалната соба на Бугариќ каде започнале да се бакнуваат.

„Тој почна да ми ги откопчува панталоните, но јас му кажав дека не сакам да имаме секс“, сведочела оштетената во својата изјава.

И покрај тоа, според обвинението, Бугариќ пробувал да ја силува, а таа постојано му кажувала да престане. Оваа вест ги бранува американските медиуми, а ја објави и реномираниот Фокс.

Судот издал потерница за апсење на Бугариќ без право на кауција. До среда попладне, тој сè уште не бил евидентиран во затворскиот систем на округот Солт Лејк.

Универзитетот на Јута веќе објави дека „Обвинетиот повторно е суспендиран“.

„Свесни сме за кривичните обвиненија поднесени против студентот-атлет од машкиот тениски тим. Веднаш штом во ноември 2024 година беше пријавена првата обвинувачка изјава, Одделот за спорт на Универзитетот го суспендираше студентот“, изјави портпарол на Универзитетот за Gephardt Daily.

Инаку. Бугариќ бил државен првак во тенис во категорија до 12, 14, 16 и 18 години. Своевремено тој бил најавуван како голема надеж за македонскиот спорт. Сепак, евидентно е дека веројатно неславно ќе заврши неговата кариера во Америка, јавува Лидер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам
Следна Статија Божиновска: Најдобро е Чебрен да е македонски капацитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП

Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација.…

January 5, 2025
СПОРТ

Дали беше гол? Единствената светска титула Англичаните ја освоија нерегуларно

Во 96-годишната историја на Светското првенство, ниту едно Светско првенство не поминало без скандали, контроверзни судиски одлуки и афери кои…

June 11, 2026
СПОРТ

Хаос на крајот од натпреварот: Ѕвездата на Реал го гаѓаше судијата со мраз, па сакаше физички да се пресмета ВИДЕО

Барселона е новиот освојувач на трофејот во Купот на Шпанија, откако по 120 минути драматична игра славеше над вечниот ривал…

April 27, 2025
СПОРТ

Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта

Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти дека ја прифаќа одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) во случајот со…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?