Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бекам ќе добие титула витез
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Бекам ќе добие титула витез
ЗАБАВА

Бекам ќе добие титула витез

Објавено June 6, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на списокот почесни службеници по повод роденденот на британскиот крал Чарлс.

Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, јавија денеска британските медиуми.

Со новото признание, Бекам ќе ја добие титулата Сер, а неговата сопруга Викторија ќе стане Лејди Бекам.

Бекам е еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња и освои бројни трофеи во богатата кариера што ја почна во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ одигра 394 натпревари и постигна 85 голови, а настапуваше и за Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.

За англиската репрезентација одигра 115 натпревари и постигна 17 голови.

Бекам одигра важна улога кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките игри во 2012 година, а од 2005 година е амбасадор на УНИЦЕФ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Тирана натпревар Албанија–Србија: Мобилизиран најголем број полицајци
Следна Статија Возач од кочанско фатен со 2,25 промили алкохол во крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

СЕ ОЖЕНИ ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР Чурлинов скокна во грчко тавче

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Дарко Чурлинов, кој уште на 16-годишна возраст дебитираше за А-селекцијата и стана најмладиот репрезентативец во…

August 27, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Ова е најскапиот Харли Дејвидсон во историјата: Ќе чини 110.000 долари!

Кога повеќето луѓе помислуваат на тркачки мотор, Харли Дејвидсон веројатно не е првата марка што ќе ви падне на ум.…

March 13, 2025
ЗАБАВА

Познат е идентитетот на купувачот на оригиналната Биркин чанта за 8,6 милиони евра (ФОТО)

Оригиналната чанта направена за актерката Џејн Биркин, која стана една од најпаметните дизајнерски креации на 20 век, беше продадена пред…

July 21, 2025
ЗАБАВА

Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре како херој, можел да побегне, но избрал да се сврти

Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст за трагедијата во Кочани, во која фокусот го става на смртта на Андреј…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?