Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Цените на овошјето и зеленчукот во Грција како кај нас – нема потреба да носите од дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ФОТО) Цените на овошјето и зеленчукот во Грција како кај нас – нема потреба да носите од дома
ЗАБАВА

(ФОТО) Цените на овошјето и зеленчукот во Грција како кај нас – нема потреба да носите од дома

Објавено June 6, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Цената на овошјето и зеленчукот во Неа Пори ги изненади туристите од Балканот

Со почетокот на летната сезона, покрај темите за море, плажи и сместување, граѓаните од регионот секоја година активно расправаат и за цените на туристичките дестинации. Особено внимание привлекуваат трошоците за живот во Грција, омилена дестинација на многу туристи од Балканот.

Оваа година, една објава на социјалните мрежи предизвика неочекувана реакција – главна тема беа цените на овошјето и зеленчукот во грчкото место Неа Пори.

Корисничка на популарната Facebook група „Грчка инфо“ сподели фотографии од своето летување и снимки од локален маркет, каде јасно се гледаа цените на производите. Најмногу внимание привлече цената на доматот – килограм чинеше само 0,38 евра, што е околу 23-24 денари, значително пониско од цените во повеќето балкански земји.

Цената на пиперките беше 0,70 евра за килограм, кивито чинеше 3,50 евра, додека јаболката се движeа од 1,50 до 1,90 евра. Крушите се продаваа по цена од 2,50 до 2,70 евра, а дињата, како еден од најдостапните производи, чинеше 1,80 евра.

Под објавата брзо се разви и дискусија.

„Значи, не се исплати да се носи од дома“, напиша еден од корисниците.

Многу туристи признаваат дека се навикнати да носат храна од дома за да заштедат, но примери како овој покажуваат дека тоа не е секогаш неопходно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски медиуми: Aко патувате во Грција, најдобро место за полнење резервоар е Македонија
Следна Статија Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Џорџ Клуни го смени имиџот, тера стил на „италијански мафијаш“ 

Џорџ Клуни се појави со Џулија Робертс пред театарот Winter Garden на њујоршкиот Бродвеј, каде се фотографираа со обожавателите и…

April 3, 2025
ЗАБАВА

Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

Премиерот Еди Рама е во Скопје на средба со лидерите на Западниот Балкан. Тој пристигна во својот карактеристичен моден стил…

June 30, 2025
ЗАБАВА

Реновирале црква, па во статуа пронашле четири кеси со средновековни златни и сребрени пари

За време на реставрацијата на познатата готска црква Свети Андреј, во германскиот град Ајслебен, откриено е богатство од 1600-тите, најверојатно…

January 12, 2025
ЗАБАВА

Ако сте меѓу овие 4 хороскопски знаци, ќе си ја најдете сродната душа до крај на летото

Според астролозите, постојат 4 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта на својот живот до крајот на летото 2025 година.…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?