Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол
СПОРТ

Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол

Објавено June 6, 2025 23:16
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година.

Одигравме реми против моќната Белгија, но нашата репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.

Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси Салемакерс биеше од непосредна близина, но неговиот удар заврши далеку од голот на Димитриевски.

Нова полушанса имаа гостите во 13. минута преку Лукаку, но неговиот удар одлично го блокираше Ѓоко Зајков, а во 20. минута Раскин ја погоди стативата на Столе Димитриевски.

Максим Де Кујпер го отвори резултатот во 28. минута и им донесе водство на гостите и со тој резултат се замина на полувреме.

Македонската репрезентација на феноменален начин го отвори второто полувреме, откако по само три минути игра успеа да постигне гол за 1-1.

Полуконтрата започна од Илиевски, па преку Костадинов заврши со прекрасна завршница на Елиф Елмас.

И по ерупцијата на стадионот следуваше студен туш од главниот судија на мечот, Англичанецот Кавана. Заедно со ВАР тимот ситуацијата се прегледуваше повеќе од три минути, по што беше досуден офсајд, а нашиот гол беше поништен.

Играта продолжи, а во 70. минута Раскин погоди во стативата од нашиот гол. Потоа Алиоски имаше одличен продор во 73. минута по кој го проигра Барди кој евидентно беше фауилиран, но Кавана не се одлучи да досуди пенал за нашиот тим.

И конечно, во 87 минута, правдата стигна кога Езџан Алиоски по асистенција на Дарко Чурлинов постигна гол и израмни на 1:1.

Нашата репрезентација покажа одлична игра, во текот на мечот имаше неколку шанси за гол, погоди две стативи, ни беше поништен гол со ВАР, а имаше и ситуација при која многумина сметаа дека не е досуден пенал за „црвено-жолтите“.

Македонските фудбалери продолжуваат со своите настапи во понеделник, кога во Астана ќе се соочат со Казахстан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
Следна Статија Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ВИДЕО: Како ја загубивме победата – „Тажните“ последни 35 секунди во кои Унгарците ни украдоа триумф

Македонската ракометна репрезентација запиша огромно реми против фаворитот Унгарија на дебито на Светското првенство 2025, но и тоа како избраниците…

January 16, 2025
СПОРТ

Meси сака да игра и на следното Светско првенство

Аргентинскиот фудбалски великан Лионел Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но рано е за официјални најави,…

January 31, 2025
СПОРТ

Хрватска и Франција во полуфинале на ракометното СП после два драматични меча во Загреб

Ракометарите на Хрватска и на Франција се првите полуфиналисти на ракометното СП кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка,…

January 28, 2025
СПОРТ

Вечерва во Битола се игра македонското „Ел Класико“

Денеска од 19:00 часот во Битола, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер игра против Вардар, кој е прв на табелата со 44…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?