Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Објавено June 7, 2025 16:08
Сподели
Сподели

Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира. Да одиме со ред, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Венко Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година.

Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“.

Договорот со „Зобек мининг“ бил склучен во септември 2023 година, првично за испорака на 200 илјади тони јаглен за РЕК „Битола“ во рок од една година. Со два анекса количината на испорака била зголемена, прво за 40 илјади тони, а потоа за уште 48 илјади тони, со што доаѓа до вкупна цифра од 288 илјади тони.

Според официјално соопштение од „Лигниторихиа Ахладас“, рудникот во Грција каде се копал јагленот, пратено до грчкото Министерство за енергетика, а до кое дошле истражувачките новинари од Македонија, од овој рудник во 2023 година во Македонија биле продадени 768 827 тони лигнит, по цена помеѓу 28-30 евра по тон.

Тоа е три пати помалку од тоа што Зобек мининг груп продава.

Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче.

Ова е возилото Ауди Q8 кое Венко Филипче го вози од изборната кампања наваму. Истото е купено на лизинг од компанијата Зобек мининг груп и дадено на Венко Филипче.

Газдата на Зобек мининг груп за новинарите потврдил дека тој го купил аудито на Венко Филипче, преку фирмата која препродавала три пати поскап јаглен на ЕСМ и дека сега возилото е на Филипче.

Ова е фрапантно и безобразно. Народот плаќа поскапа струја денес за Венко Филипче да вози Ауди Q8. И истиот овој Венко Филипче без грам срам води политичка партија и бара гласови, рече Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре пеколно жешко со температура до 38 степени
Следна Статија Плажите во Црна Гора летово ќе ги контролира Шкаљарскиот клан?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Ангел Димитров: Комисијата за историски прашања е алиби за односите меѓу нашите земји

„Комисијата за историски прашања со Република Северна Македонија е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да коментира за процесот на преговори околу формирањето нова влада во Бугарија, но оцени дека…

January 7, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

И Димче не е тоа што беше! Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите –…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?