Украинскиот напад со беспилотни летала насочени кон Москва предизвика затворање на двата клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија руските власти рано утрово.
Руските единици за воздушна одбрана уништија девет украински беспилотни летала што се движеа кон Москва до 4 часот наутро, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм.
🔥 Russia: Fuel & lubricants warehouse on fire after an explosion in the Moscow suburb of Pushkino, 19 miles from the Kremlin. (30km)
The fire has now engulfed 5.2 acres. (21,000m²) pic.twitter.com/EtdKzmotoY
— Igor Sushko (@igorsushko) June 7, 2025
Службите за итни случаи беа испратени на местата каде што беспилотните летала се урнаа во ноќниот напад, додаде тој. Не е пријавена никаква штета, објави „Слободна Далмација“.
Drone casually flies through Moscow as Russian air defences miss every shot pic.twitter.com/8YWvhSRYaA
— Anonymous (@YourAnonCentral) April 9, 2025
Украинскиот напад со беспилотни летала, исто така, предизвика краток пожар во хемиската фабрика „Азот“ во Тулската област, при што беа повредени две лица, и беа уништени седум беспилотни летала над Калушката област, соопштија регионалните гувернери. И двата региони се граничат со Московската област, јужно од главниот град.
Руската служба за цивилно воздухопловство, Росавијација, изјави на Телеграм дека ги суспендира летовите на аеродромите Внуково и Домодедово заради безбедноста на воздушниот сообраќај.
Помина една недела откако Русија и Украина разменуваат големи бранови напади со беспилотни летала и ракети, почнувајќи со масовен руски напад минатата сабота, по што Украинците го шокираа Кремљ во недела, 1 јуни, со операцијата „Пајажина“, во која уништија најмалку 13, а веројатно и двојно повеќе, од тешко заменливите стратешки бомбардери на Русија.
Вчера руските сили го нападнаа Харков, каде што досега има четири цивилни жртви меѓу кои и дете.