Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси
СВЕТ

Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси

Објавено June 8, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Турската жандармерија во округот Ајдин во голема операција разоткри измама со кредитни картички во туристичкиот град Кушадаси, со вкупна штета од речиси 30 милиони долари, објави „Туркије тудеј“.

Полицијата спровела координирани акции во окрузите Мугла, Измир, Анталија и Истанбул.

Истрагата започнала по сигнал од трговска банка, која забележала сомнителни трансакции на сметки на странски клиенти.Нерегуларните трансакции биле проследени до ПОС терминали во два хотела во Кушадаси.

Главниот осомничен, сопственик на хотел, наводно собирал податоци од кредитните картички на туристи преку резервации, а потоа ги споделувал со поврзани бизниси, вклучително други хотели и компании за изнајмување автомобили.

По враќањето на туристите во нивните земји, од нивните картички биле повлекувани суми за услуги што не биле користени. Вкупната сума на измамата достигнува 1,15 милијарди турски лири (29,27 милиони долари).

Се тврди дека некои членови на криминалната група патувале во странство за да добијат дополнителни податоци за кредитни картички, кои потоа биле користени во шемата. Нелегалната добивка потоа била перена преку легитимни компании користени како параван компании. За да избегнат откривање, парите биле префрлани во мали износи преку техника позната како „штрумфирање“, а дел од средствата биле инвестирани во недвижнини.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, соопшти дека се приведени 20 осомничени, вклучително и водачот на групата, сопственик на хотел. Најмалку 268 странски туристи се жртви на измамата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рекорден број милионери во светот
Следна Статија Поградец за некоја година ќе го престигне Охрид: За Македонците веќе и во Албанија е скапо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пораз на Кремљ во Молдавија: проруската партија поразена на клучните избори

Владејачката проевропска Партија за акција и солидарност (ПАС) во Молдавија, предводена од претседателката Маја Санду, го задржа своето парламентарно мнозинство…

September 29, 2025
СВЕТ

Сијарто до Зеленски: Престани присилно да ги регрутираш Унгарците

Украинскиот претседател ВолодимирЗеленски денес ја посети најзападната област Транскарпатија, во која мнозинското население се етнички Унгарци. За време на посетата,…

April 10, 2026
СВЕТ

Руте: На Украина никогаш не и било ветено членство во НАТО

Лидерите на земјите членки на НАТО никогаш не и ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата доколку склучи…

February 13, 2025
СВЕТ

Читачите на усни откриваат што си кажале Путин и Трамп

Првата средба меѓу рускиот и американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин се одржа во воената база Елмендорф во Алјаска,…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?