Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП
СПОРТ

Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП

Објавено June 10, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека септемвриското продолжение на квалификациите за Светското првенство 2006 како лидер во групата Ј благодарејќи на победата на Белгија од 4:3 против Велс во Брисел.

На половина од квалификациите избраниците на селекторот Благоја Милевски се на врвот на табелата со 8 бода, еден повеќе од Велс, Белгија има 4 од два натпревара, Казахстан 3 од три меча, а Лихтенштајн е без бодови од три средби.

На 7 септември од 18 часот „црвено-жолтите“ ќе го пречекаат Лихтенштајн, Белгија ќе му биде домаќин на Казахстан, а три дена претходно Казахстан ќе му биде домаќин на Велс и Лихтенштајн на Белгија.

Белгијците водеа со 3:0 со головите на Ромелу Лукаку од пенал во 15. минута, на Јури Тилеманс четири минути подоцна и на Жереми Доку во 27. минута.

Но, Велшаните стигнаа до израмнување со погодоците на Хери Вилсон во седмата минута од судиското продолжение на првото полувреме, на Зорба Томас во 51. минута и на Бренан Џонсон во 70. минута.

Во 81. минута му беше поништен голот на Лукаку поради аут во почетокот од акцијата, за триумф и три бода на домаќинот да му донесе Кевин де Брујне две минути пред крајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст
Следна Статија (Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И покрај елиминацијата од ЛШ: Баерн е печатница за пари, оваа сезона заработи 150 милиони евра

Со елиминацијата од ПСЖ во полуфиналната пресметка, Баерн Минхен остана без пласман во финалето, но од настапот во Лигата на…

May 7, 2026
СПОРТ

Единствениот Македонец кој ги искачил сите врвови над 8000м: Сашко Кедев го искачи Г1 во Пакистан

Македонскиот кардиолог д-р Сашко Кедев утрово го искачи Г1 (Пакистан) и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој…

July 20, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркари ја совладаа Швајцарија

Македонската машка кошаркарска репрезентација триумфираше вечерва над Швајцарија со 62-56 во првиот од двата контролни натпревари во рамки на подготовките…

July 26, 2025
СПОРТ

Ноле, време е за пензија

  Британскиот тенисер Џек Дрејпер ноќеска го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс – 4:6,…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?