Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
СВЕТ

Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат

Објавено June 10, 2025 19:51
Сподели
Сподели

Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес. Командантот на Маринскиот корпус, генерал Ерик Смит изјави дека маринците се подготвени да ги следат наредбите на Северната команда на САД, но оти сè уште не се повикани да интервенираат.

Смит на дебатата за буџетот во Сенатот наведе дека маринците се обучени за контрола на толпата и дека нивната опрема ќе вклучува штитови и палки. Тој нагласи дека тие немаат овластување да вршат апсења и оти во Лос Анџелес се исклучиво за да го заштитат федералниот имот и федералниот персонал.

Портпаролката на Северната команда на САД потврди дека 700 маринците се распоредени во пошироката област на Лос Анџелес.

Во пошироката област на Лос Анџелес распоредени се и приближно 2.100 припадници на Калифорниската Национална гарда. Дополнителни 2.000 припадници на Националната гарда добија дозвола за распоредување, но сè уште не пристигнале во Лос Анџелес.

Американското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето на Националната гарда и на маринците во Лос Анџелес ќе чини околу 134 милиони долари. Според специјалната помошничка на министерот за одбрана, Брин Мекдонел трошоци се главно поврзани со патувањето, сместувањето и храната

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топлотен бран во Индија, измерени 47,3 степени
Следна Статија Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Загина спасувач додека ги бараше телата на петмината Италијанци на Малдиви

Спасувачки нуркач почина на Малдивите додека ги бараше телата на петмина италијански државјани починати во несреќа со нуркање, која се…

May 16, 2026
СВЕТ

Мерц по денешните избори во Германија: Победивме

„Победивме на овие избори“, објави Фрудрих Мерц, лидер на Демохристијаните (ЦДУ), во обраќањето пред присутните во Берлин по објавувањето на…

February 23, 2025
СВЕТ

Нетфликс се брани од закани за тужба на Дидај за документарецот

Нетфликс одговара на наводите на Шон Комбс за документарната серија

December 4, 2025
СВЕТ

Спречен бомбашки напад на концертот на Лејди Гага, присуствуваа 2,1 милион луѓе

Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?