Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови
ХРОНИКА

Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови

Објавено June 11, 2025 13:08
Сподели
Сподели

Ниту еден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав. Да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак. Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови. Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветто одделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимнување и летување со другарчињата од одделението и подготвувајќи се за новите предизвици со кои требаше да се соочи., пишува во потерсителното писмо, преполно со болка Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања.

„Спушнавме различни теории на заговор, политички прогони, местенки, многу приговори, но за жал еден факт останува непобитен – Вања ја нема“, стои меѓудругото во писмото на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања, која преку својот адвокат до Судот достави емотивно писмо во кое ја сподели неизмерната болка.

Писмото во целост:

„Се обраќам до судот, не како мајка туку и како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка. Скоро цела година целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот беа презентирани низа материјални докази и сведоштва, секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори. Но, за жал еден факт останува непобитен, Вања ја нема. Ја киднапирале и ја однеле, ја убиле безмилосно на најбрутален начин, детето мое. Кога ќе слушневме за некој немил настан во светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи кај нас во Македонија не се случуваат, далечни ми беа. Но, се случи и тоа токму мене на моето најмило и не смее да се повтори. Ниту еден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав. Да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак. Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови. Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветто одделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимнување и летување со другарчињата од одделението и подготвувајќи се за новите предизвици со кои требаше да се соочи. Вања сакаше да гледа стари филмови од 70-тите и 80-тите ги знаеше знамињата и главните градови буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја сакаше историјата. Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште и тоа утро последното утро стана си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи се подготви за училиште. Ја испратив до врата и ѝ реков „Се слушаме мама подоцна“. Тоа беше последен пат да ја видам. Вања не ја дочека полуматурата, не ги дочека ниту патувањата со соучениците не дочека ниту да ги искуси предизвиците“, стои во писмото.

Сепак, Судот не дозволи да се дочита писмото, со образложение дека „истото не се однесува на околностите на кои што оштетение имаат право, а тоа се имотно правното побарување и кривичниот прогон“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната
Следна Статија Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пет лица меѓу кои и едно бебе повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Се степале сосетки од Петровец

На 03.03.2025 во 17.30 часот СВР Скопје, Л.Т.(74) од Скопје пријавила дека во двор од семејна куќа во с.Петровец, скопско,…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Езерската полиција трага по исчезнат нуркач во Охридско езеро

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал…

August 9, 2025
ХРОНИКА

Мицкоски за трагедијата во Кочани: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија, Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива

Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија!…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?