Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
МАКЕДОНИЈА

Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава

Објавено June 11, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат од минатата година, се очекува да бидат повторно отворени за сместување студенти од вториот семестар на учебната 2025/2026 година.

-Ќе треба да се почека до вториот семестар затоа што „Кузман“ се очекува да се заврши некаде во ноември. За жал, реконструкцијата на „Стив“ почна со задоцнување, но ние таа состојба ја затекнавме и моравме да ја решаваме. Откако ја решивме, повторно имаше технички работи, градот, општината, дозволи, маркица…, и откако го решивме тоа, веднаш почнаа со работа. Но, очекувам и „Стив“ до крајот на годината да биде готов па во вториот семестар студентите веќе ќе можат да влезат во домовите, рече Јаневска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде и дека деновиве ќе биде донесена одлука кои студентски домови ќе бидат следни за  реконструкција во планот за етапно реновирање на сите студентски домови во државава, со цел тие да станат енергетски ефикасни со подобрена одржливост, што ќе придонесе за почиста животна средина и ќе обезбеди финансиски заштеди.

Проектот се реализира со заем од 20 милиони евра од Германската развојна банка и грант од 4,8 милиони евра од Европската Унија преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан. 

Реконструкциите на „Кузман“ и „Стив Наумов“ се прва од предвидените три фази од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови. Во следните две фази ќе се реконструираат уште седум други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Формирано Координативно тело за реализација на договорот со Велика Британија, МФ овластено да изнајде финансирање за брзата пруга
Следна Статија Поранешниот премиер барал преквалификација на делото: Скандалозно признание на Русковска за ургенцијата на Заев за „27 април“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонските универзитети и оваа година ги нема на Шангајската листа

И оваа година ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа на Академско рангирање на светските универзитети. Приматот за…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите

Ги „затегнавме чешмите“, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите пет месеци. Поднесена е 31 дисциплинска…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска е чист понеделник, почнуваат Велигденските пости

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Венецијанската комисија го одобри: Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија,…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?