Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Со новиот Закон за енергетика се прифаќаат сите добри европски практики
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Со новиот Закон за енергетика се прифаќаат сите добри европски практики
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Со новиот Закон за енергетика се прифаќаат сите добри европски практики

Објавено June 11, 2025 19:03
Сподели
Сподели

Со новиот Закон за енергетика се имплементира европското аки и се транспонира пакетот за чиста енергија, што значи дека се прифаќа се што е добра практика од Европската Унија, оцени денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

-Во Законот има многу новитети, а најважно за граѓаните е што ќе има нови паметни броила за електрична енергија од кои 80 отсто треба да се набават за осум години, а за 10 години да бидат набавени 100-проценти. Тоа не значи дека ќе треба да се чека до последно за да се променат постојните со ниви паметни броила, туку тие постепено ќе се набавуваат, изјави министерката Божиновска на денешната средба со новинарите во ХЕЦ Матка.

Таа посочи дека Законот предвидува и формирање на граѓански заедници за производство на електрична енергија од фотоволтаици во станбените згради, батерии за складирање на електрична енергија, сите нови енергетски објекти кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори ќе мора да имаат батерии за складирање на 20 отсто од произведената енергија,…

-Се воведува и методологија за енергетска сиромаштија. Ќе има фискални и не фискални мерки што значи дека во зима не може да се исклучуваат тие што нема да плаќаат електрична енергија. Како Министерство имаме веќе две програми за помош на граѓаните, рече Божиновска.

Нагласи дека првпат се воведува и концептност и мобилност за полнење на електричните возила за кои веќе се намалени царинските стапки. Покрај тоа, за 48 часа ќе може да се смени снабдувачот со електрична енергија, ќе има и 10-годишен инвестициски план и МЕПСО преоѓа под надлежност на Министерството за енергетика.

Директорот на Електродистрибуција Сашо Салтировски посочи дека промената на броилата со паметни е континуиран процес и не е нешто што почнува по донесувањето на новиот Закон за енергетика.

-Ние веќе имаме инсталирано околу 200.000 броила кои се отчитуваат далечински. Тој процес е континуиран и во наредните години ќе продолжи. Размислуваме и за воведување на некои нови технологии и за таа цел веќе формиравме проект во кој детално се истражуваат најдобрите европски практики со кои ќе продолжи процесот понатаму. Согласно обврската од Законот траба да се изработи и студија во која точно ќе се дефинираат и техничките детали околу проектот за паметните броила. Очекувам тоа да биде завршено во наредните месеци и во тоа да се инволвираат сите засегнати страни како што се РКЕ, Министерството за енергетика и јавноста, рече Салтировски и додаде дека очекува овој процес да заврши до крајот на годината.

Веднаш потоа, додаде, би започнале набавка на броила со новите критериуми.

-Ние континуирано ги менуваме борилата и во моментов имаме тендер за набавка на околу 150.000 броила со далечинско отчитување, што значи дека тоа ќе биде само продолжување на она што веќе го правиме. Првите нови борила согласно новата технологија се очекува да бидат инсталирани за околу две години, бидејќи тендерската постапка трае околу една година, појасни Салтировски.

Во земјава има околу 900.000 броила од кои 80 до 85 отсто се отчитуваат, а за останатите се недостапни за отчитување и им се даваат паушални (естимулирани) сметки. За висината на сметки има по околу 5.000 забелешки месечно, а за естимулираните 150.000 броила има по 3 отсто барања за корекција.

Како што рече Салтировски, промената на броилата нема директно да оди на сметка на потрошувачите и речиси воопшто мнема да се осети во висината на сметките.

-Промената на броилата нема да има значајно влијание врз цената на електричната енергија, бидејќи тоа фактички го вршиме и во моментов, прецизира Салтировски.

Заменик директорот на МЕПСО Александар Пауноски порача дека батериите ќе овозможат поголема флексибилност на електроенергетскиот систем и полесно управување со системот при брзи промени на производството на електрична енергија. Ќе помогнат, како што кажа, дури и Електродистрибуција да биде флексибилна, а не само МЕПСО и додаде дека двете фирми ќе функционираат како партнери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд
Следна Статија УЖАС: Внука се обидела да ги убие баба си и дедо си, им нанела убоди со нож

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, изјави министерката за финансии Гордана…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце е целосно промашување, паралелно се градат две делници

„Утрово кога одев со колеги им објаснував за какво промашување на проектот автопатот Скопје-Блаце се работи. Целосно промашување на проект.…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна…

April 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најмалиот апарат во куќата троши најмногу електрична енергија: Ако го исклучите може да заштедите многу пари

Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, овој минијатурен уред веројатно не ви паѓа на…

March 23, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?