Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел се подготвува да го нападне Иран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел се подготвува да го нападне Иран
СВЕТ

Израел се подготвува да го нападне Иран

Објавено June 12, 2025 10:06
Сподели
Сподели

Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.

Загриженоста за можна израелска воена акција, како и можниот ирански одговор, го натера Вашингтон да повлече дипломати од Ирак во среда и да одобри доброволно повлекување на семејствата на американските војници од земјите на Блискиот Исток.

Не е јасно колкав би можел да биде израелскиот напад, но тензиите се зголемуваат со месеци, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Трамп да го искористи она што Тел Авив го смета за момент на ранливост на Иран за напад.

Трамп претходно го отфрли израелскиот план за напад, инсистирајќи дека сака да преговара за договор со Техеран што би ја ограничил способноста на Иран да произведува нуклеарно гориво. Пред две недели, тој рече дека го предупредил Нетанјаху да не започнува напад додека траат преговорите меѓу САД и Иран.
Не е познато колку Трамп се обидел да го одврати Нетанјаху од напад овојпат, но во последните денови тој станал помалку оптимист во врска со можноста за постигнување договор, особено откако врховниот лидер на Иран го отфрли предлогот со кој постепено ќе се укине правото на Иран да збогатува ураниум.

Информацијата за американското повлекување на персоналот од регионот, како и британското предупредување до превозниците за зголемените закани за поморската безбедност, дојдоа само неколку часа откако Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека станува „помалку убеден“ во успехот на преговорите со Иран.
Американските и иранските преговарачи треба повторно да се сретнат в недела, иако Трамп во понеделникот изјави дека ставот на Иран во разговорите е „неприфатлив“. Според американските претставници, претставникот на Трамп, Стив Виткоф, се уште планира да присуствува на таа рунда преговори, која треба да се одржи во Оман.

Британско предупредување дојде за поморскиот сообраќај, поради „зголемените тензии во регионот што би можеле да доведат до ескалација на воената активност со директно влијание врз морнарите“. Тие ги предупредија комерцијалните бродови што минуваат низ Персискиот Залив, Оманскиот Залив и Ормутскиот Теснец да преземат дополнителни мерки на претпазливост.

Според висок ирански функционер, иранската војска и влада веќе одржаа кризни состаноци за тоа како да одговорат на евентуален израелски напад.
Техеран наводно има подготвен план што вклучува итен контранапад со стотици балистички ракети кон израелска територија. Во октомври 2024 година, Иран веќе започна голем ракетен напад врз Израел во контекст на војната во Газа, но штетата тогаш беше ограничена, делумно поради помошта на САД во пресретнувањето на ракетите.

Трамп повторно разговараше со Нетанјаху во понеделникот, но Белата куќа не објави детали од тој разговор. Трамп се сретна со членовите на неговиот совет за национална безбедност во Кемп Дејвид претходната вечер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Матурин херој од сенка – Индијана ја победи Оклахома
Следна Статија ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Детали за американскиот напад на Иран: Користеле и подморници, контактирале со Иранците со порака

Американски воени авиони и подморници нападнаа три клучни нуклеарни постројки во Иран во раните утрински часови во неделата, што ја…

June 22, 2025
СВЕТ

Венецуела бара итен доказ дека Мадуро е жив

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека властите во моментов не знаат каде се наоѓаат претседателот Николас Мадуро или првата…

January 3, 2026
СВЕТ

Блумберг: Средба Трамп – Путин може да има веќе идната недела

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин можат да одржат лидерска средба веќе идната недела, соопшти денеска…

February 18, 2025
СВЕТ

(Видео) Зеленски потпиша контроверзен закон: избија најголемите протести од почетокот на војната

Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централна важност за спроведување на реформите, потег…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?