Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јавна обвинителка во Штип се клонирала и испитувала четири сведоци во исто време
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јавна обвинителка во Штип се клонирала и испитувала четири сведоци во исто време
МАКЕДОНИЈА

Јавна обвинителка во Штип се клонирала и испитувала четири сведоци во исто време

Објавено June 12, 2025 10:57
Сподели
Сподели

Jавнатa обвинителка Татјана Кацарева од Штип ќе влезе во историјата како единствена јавна обвинителка со докажана способност за – клонирање. Таа успеала да испита четири сведоци во исто време, пишува „Плусинфо“.

Кацарева го води предметот против шефот на Вишото јавно обвинителство – Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој на 11 октомври 2024 година беше суспендиран од страна на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Од ланскиот 11 октомрви 2024 до 11 јуни годинава поминаа точно седум месеци, а истрагата за кривичното дело Малтретирање во вршење на служба (член 143 од Кривичниот законик) не е мрдната од место.

На 14 мај, по покана на обвинителката Татјана Кацарова, во својство на осомничен за сторено кривично дело Малтретирање во вршење на служба, обвинителот Мустафа Хајрулахи и неговиот бранител уредно се одзвале на поканата и оттишле во ОЈО Штип.

На записник побарав да ми се дозволи да извршам увид во списите од предметот, за да се запознам за што ме тoвари обвинителката Кацарова. По извшениот увид, побарав во копија да ми се достават списите од предметот оформен против мене. Од извршениот увид, констатирав дека јавната обвинителка Татјана Кацарова, заедно со сведоците-оштетени во предметот кој се води против мене, направиле фалсификат врз јавна исправа, врз Записник за испитување на сведок-оштетен – тврди Хајрулахи за „Плусифно“.

Според словото на записниците, обвинителката Кацарева во исто време испитувала четири оштетени, што е спротивно на законите на природата.

Така, на 5 ноември 2024 година, на Записник за испитување сведок-оштетен КО бр. КО бр. 452/24, на име Валентина Калинковска, е наведено дека испитувањето на сведокот почнало во 20.00 часот и завршило во 21.08 часот.

Во Записникот за испитување на сведок-оштетен КО бр. 452/24 од истиот ден (05.11.2024 година), на име Жаклина Никодиновска, се вели дека испитувањето на сведокот почнало во 20.26 часот и завршило во 20.58 часот.

Записникот за испитување на сведок-оштетен за истиот предмет и за истиот ден, на име Ружица Јосифова, тврди дека испитувањето на сведокот почнало во 21.03 часот и завршило во 22.23 часот.

Конечно, записникот за испитување на сведок-оштетен (КО бр. 452/24 од 05.11.2024 година), на име Даниела Лапе, тврди дека испитувањето на сведокот почнало во 21.15 часот и завршило во 21.55 часот.

Целиот текс тука

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Една од најопасните организации на светот ја освојува Европа: Се заканува бран насилство
Следна Статија Лазаров ја откри тајната на успехот на Алкалоид во атинскиот пекол на АЕК (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала

Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се работи на значаен проект, да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не надвор од Македонија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека присуствуваше на пуштање во употреба на…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје, ѓубре ти ќе бидеш! (ФОТО)

Ѓубре кое се излева од контејнерите, непријатна миризба околу нив. Скопјани повторно коментираат за хигиената во метрополата. Фотографијата споделена на…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?