Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
МАКЕДОНИЈА

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Објавено June 12, 2025 12:20
Сподели
Сподели

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Тронот на Дебарско-кичевската епархија беше упразнет по упокојувањето на Митрополит Тимотеј во ноември минатата година. Денот на ракополагањето во епископски чин на новоизбраниот митрополит Георгиј ќе биде дополнително соопштен.

Биографија на митрополитот Георгиј (Ѓорѓевски)

Игуменот Георгиј е роден на 24 јули 1968 година во Скопје, како второ дете во семејството на Душан и Даница. По завршување на основното образование во 1982 година, се запишува на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево, каде матурира во 1986 година како дел од деветнаесетта генерација.

Високото богословско образование го продолжува на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде и дипломира. Во октомври 1990 година се враќа во Богословијата во Драчево како предавач на предмети како Свето писмо на Стариот и Новиот Завет, Црковнословенски, Старогрчки и Латински јазик, Црковно пеење и Теорија на музиката.

Во 1993 година започнува последипломски студии на Источниот институт во Регенсбург, Германија, а следната година заминува во Рим, каде во 1996 година магистрира, а во 2000 година докторира на Понтификалниот Универзитет „Грегоријана“ во Рим.

По враќањето во 1999 година, предава во Богословијата, а од 2001 година е професор на Богословскиот факултет во Скопје по предметите Вовед и Егзегеза на Светото писмо на Стариот завет и Библиска историја со археологија.

Од 2000 до 2010 година беше шеф на Кабинет на Архиепископот, а во периодот 2000-2007 година и секретар на Американско-канадската православна епархија.

Во периодот од 2010 до 2014 година ја извршува функцијата амбасадор на Република Македонија при Светата Столица во Рим.

По завршувањето на дипломатската служба, се враќа како професор, а од 2016 до 2023 година беше два мандати декан на Богословскиот факултет.

Активно учествува во Македонското библиско здружение, каде од 2020 година е генерален секретар. Учествувал во подготовката на ревидираното издание на Светото писмо од 2006 година и во преводот на Новиот завет (2023) и Псалмите (2024). Член е и на комисијата за превод на Богослужбеното Евангелие (2008).

Во текот на студиите бил уредник на списанијата „Млад богослов“ и „Православен благовесник“. Од 2002 до 2006 година беше главен уредник на „Православен пат“, од 2016 година е уредник на Годишниот зборник на Богословскиот факултет, а од 2025 година претседава со уредувачкиот одбор.

Автор е на неколку книги и бројни научни трудови. Владее италијански и англиски јазик, а се служи и со германски и француски.

Замонашен е на 27 мај 2025 година во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Скопје. За јероѓакон бил ракоположен на 28 мај 2025 година, а за јеромонах на 29 мај 2025 година. На 8 јуни 2025 година е произведен во чин игумен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се земјите со најдобар образовен систем во светот
Следна Статија Снимен моментот кога се урна авион со над 240 патници во Индија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Во подкастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Марија Митева, портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на тековните состојби…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема

 Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите

Православната црква и верниците на, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија,…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?