Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
СВЕТ

Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија

Објавено June 12, 2025 19:03
Сподели
Сподели

 Извршниот директор на „Ер Индија“, Кембал Вилсон изјави дека има преживеани патници од денешната авионска несреќа.

– Повредените патници се хоспитализирани во локалните болници. Засега нема точни податоци колку патници преживеале, објави Вилсон на Икс.

И началникот на полицијата во Ахмедабад, Гјанандер Синг Малик изјави дека има преживеани и оти спасувачките служби го пребаруваат теренот.

Британскиот државјанин со индиско потекло Вишваш Кумар Рамеш ја преживеа авионската несреќа. Тој за индиските медиуми изјави дека проблемите почнале 30 секунди по полетувањето.

– Кога станав, телата беа насекаде околу мене. Се исплашив. Станав и истрчав. Делови од авионот беа насекаде околу мене. Некој ме зграпчи, ме стави во амбулантно возило и ме однесе во болница, наведе Рамеш.

Тој за Лондон патувал со својот брат Аџај, кој најверојатно не ја преживеал несреќата.

Авионот Боинг 787-8 на „Ер Индија“ кој полета од Ахмедабад за Лондон, се урна врз објект на Медицинскиот колеџ и Цивилната болница во Ахмедабад. Најмалку пет студенти по медицина загинаа откако авионот се урна студентскиот дом на Медицинскиот колеџ.

Федерацијата на сите индиски медицински здруженија (ФАИМА) соопшти дека од 50 до 60 студенти по медицина се хоспитализирани по авионската несреќа.

Федерацијата соопшти дека пет студенти се водат како исчезнати, а најмалку двајца се на одделението за интензивна нега. Исчезнати се и некои членови на семејството на лекарите. Според ФАИМА, повеќето од патниците во авионот биле пренесени во болница без знаци на живот.

Првично беше соопштено дека во авионот имало 232 патници и 12 члена на екипажот, за подоцна индиските медиуми да јават дека за Лондон патувале 230 лица.

Досега е потврдено дека при падот на авионот загинале 133 луѓе

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството
Следна Статија Стартува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Судија ја спречи ICE да го приведе Килмар Абрего Гарсија при проверка

Адвокатите на Абрего Гарсија изразија стравови дека тој ќе биде приведен помалку од еден ден по неговото ослободување од центар…

December 14, 2025
СВЕТ

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Товарен авион Боинг 737-400 што пренесувал нарачки на DHL и летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија…

November 25, 2024
СВЕТ

НАСА: Се намалуваат шансите дека опасниот астероид ќе ја погоди земјата

Астероидот IR4, неодамна откриен од астрономите, сега има само 1,5 отсто шанси да удри во Земјата во 2032 година, процени…

February 22, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Руски бизнисмен загина откако со Ламборџини удрил во ограда и се запалил

Руски крипто милионер загина во ужасна сообраќајна несреќа во Москва. Неговото луксузно Ламборџини се запали откако се преврте на автопат.…

November 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?