Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски – Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски – Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

Објавено June 13, 2025 11:55
Сподели
Сподели

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Министерот Сијарто е во работна посета на Македонија, кој во име на Владата на Унгарија денеска ќе го потпише Договорот за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Унгарија.

Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакна дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и истиот ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.

Во контекст на Договорот, а во насока на развојните политики на државата, вицепремиерот Николоски го потенцира планот за економски развој на земјата, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори.

На средбата, двајцата министри го потврдија партнерството засновано на силни политички односи и развиена економска соработка значајна за двете држави.

Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво.Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи” – истакна по средбата вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелците масовно купуваат храна и вода: се подготвуваат за иранска одмазда
Следна Статија Партизан ја освои АБА лигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Шилегов денеска ќе каже кој во СДСМ е по психотропните супстанци

Петре Шилегов во живо на телевизиска емисија дозна дека ќе биде исклучен од членство во СДСМ поради тоа што рече…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Водокрст – навечерие на Богојавление

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува…

January 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Од домот „Ранка Миловановиќ“ исчистени 50 тони отпад

Од рано утринава е во тек координирана акција на инспекторатот на општина Гази Баба, инспектори од Единицата за економски криминал…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?