Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали за кривичната пријава против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР со детали за кривичната пријава против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
ХРОНИКА

МВР со детали за кривичната пријава против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Објавено June 13, 2025 13:36
Сподели
Сподели

Поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 14.03.2025 до 16.03.2025 на територија на СВР Штип сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава, а јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници, соопшти денеска МВР.

Имено, тие како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита – одобриле План за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Кочани без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од Стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи. По овој план, кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови, без какви било измени, било постапено и на 16.03.2025 на место каде што биле собрани поголем број на луѓе – кабаре „ПУЛС“. Исто така, не преземале мерки да спречат активирање на пиротехничка опрема на сцената каде настапувала музичка група во моментот кога ја вршеле контролата, а чие палење не било пријавено во Полициската станица Кочани и како последица на палење на пиротехниката настанал пожар во дискотеката „ПУЛС“. На овој начин, со не преземање мерки за заштита на присутните лица и поради несоодветните услови за работа, во текот на акциската контрола настанал пожар во кој починале 62 лица, а 157 лица се здобиле со потешки телесни повреди, a 54 телесни повреди, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради
Следна Статија Мосад изградил база за дронови среде Иран од каде нападна (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожар во Поликлиника Чаир

На 13.01.2025 во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите…

January 14, 2025
ХРОНИКА

Васко Ковачевски недостапен за полицијата, во септември ја напуштил државата

Васко Ковачевски, екс директор на ЕСМ и други тројца осомничени за тежок криминал во РЕК Битолa се недостапни за полицијата.…

December 10, 2024
ХРОНИКА

Приведен возач од Крива Паланка, летал со брзина од 142 км на час

Вчера во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода…

April 20, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?