Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Размена на ракети меѓу Израел и Иран: Експлозии одекнаа во Тел Авив, Ерусалим и Техеран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Размена на ракети меѓу Израел и Иран: Експлозии одекнаа во Тел Авив, Ерусалим и Техеран
СВЕТ

Размена на ракети меѓу Израел и Иран: Експлозии одекнаа во Тел Авив, Ерусалим и Техеран

Објавено June 14, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел – објавија властите во двете земји.

– Нова серија напади во рамките на Операцијата „Вистинско ветување 3“ – соопшти иранската државна телевизија, осврнувајќи се на одмаздничките напади на Иран врз Израел откако израелските авиони погодија повеќе цели на иранска територија во четвртокот навечер.

Новиот напад го потврдија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

– Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области на Израел откако детектираа ракети истрелан од Иран кон Израел. Во моментов, израелските воздухопловни сили работат на нивно пресретнување за да се отстрани заканата – соопшти прес-службата на ИДФ, повикувајќи ги граѓаните да ги следат упатствата на војската и да одат во засолништа.

Изралеските медиуми објавуваат дека експлозии може да се слушнат во Тел Авив и Ерусалим.

Израелските медицински служби соопштија дека две лица загинале, а 19 се ранети откако иранска ракета го погодила станбен објект во централен Израел.

Претходно, Ели Бин, директор на „Маген Давид Адом“, израелски еквивалент на Црвениот крст, изјави за локалната телевизија Канал 12 дека една жена е во сериозна состојба, а неколку лица се под урнатини на погоден објект.

Според израелскиот весник „Џерусалем пост“, бројот на жртви од гранатирањето на Исламската Република е еден мртов и 63 ранети. Весникот посочува дека повеќето од иранските ракети биле соборени или не ги достигнале своите цели.

Иран по првпат користел балистички ракети од подморници во нападот врз Израел
Иранските вооружени сили по првпат употребија балистички ракети лансирани од подморници при вечерашниот напад врз Израел – соопшти иранската државна агенција ИРНА.

Станува збор за прва борбена употреба на ваков вид оружје од страна на Иран, наведува ИРНА, повикувајќи се на воени извори.

Револуционерната гарда потврди дека иранските сили извршиле ракетни напади врз десетици цели во Израел, како одговор на израелскиот напад претходно денеска, кој е оквалификуван како најголем досега насочена против Иран.

Вечерашниот напад следуваше по израелските удари во кои беа убиени високи ирански воени команданти и беа погодени делови од иранската нуклеарна програма. Според иранскиот амбасадор во Обединетите нации Амир Саид Иравани нападите биле насочени не само кон нуклеарни капацитети, туку и кон цивилна инфраструктура и станбени згради, при што загинале 78 лица, а над 320 се повредени, од кои огромното мнозинство се цивили.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што ќе биде најатрактивно – Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
Следна Статија Сајкоски определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Избори во Германија: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141, социјадемократите со 114

Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоиле демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), за кои гласале…

February 24, 2025
СВЕТ

Екс вработен го тужи Диди: Ја миел крвта и урината од чаршафите, имал секс пред него за да ја докаже својата лојалност

Тужбите против раперот Шон Комбс познат како Диди постојано се трупаат. Сега, поранешниот вработен Филип Пајнес во неговата тужба реши…

December 24, 2024
СВЕТ

Видео: Маск -Ќе дадам МИЛИОН долари за мурали со ликот на убиена Украинка

Еоган Мекејб, извршен директор и основач на Интерком, понуди 500.000 долари за создавање мурал на Ирина Заруцка, Украинката чие убиство…

September 13, 2025
СВЕТ

Ова е пример на тестот каде Трамп постигна 30 од 30 точни одговори, дали би можеле да ги решите задачите?

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, е „целосно способен“ да ги извршува должностите на претседателот, се вели во меморандумот…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?