Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Убиени уште тројца ирански научници и двајца високо рангирани генерали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Убиени уште тројца ирански научници и двајца високо рангирани генерали
СВЕТ

Убиени уште тројца ирански научници и двајца високо рангирани генерали

Објавено June 14, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Иран ја потврди смртта на уште тројца нуклеарни научници во израелските воздушни напади насочени кон нуклеарната програма и военото раководство на земјата, пенесува ДПА.

Научниците Али Бакаи Карими, Мансур Асгари и Саид Борџи беа убиени во израелските воздушни напади, објави иранската  новинска агенција Тасним.

Со ова, бројот на убиени научници вклучени во иранската нуклеарна програма достигна девет.

Според меѓународното хуманитарно право, особено Женевските конвенции и нивните дополнителни протоколи, на цивилите им е дадена експлицитна заштита за време на вооружен конфликт. Научниците, како што посочува ДПА, генерално се класифицираат како цивили, освен ако не учествуваат директно во борбени операции. Целните убиства надвор од тие специфични услови може да претставуваат кршење на законите на војување.

Медиумите во Иран претходно објавија дека во израелските нпади се убиени и уште двајца видоко рангирани генерали, заменици началници на Генералштабот.

Израел започна голем напад врз Иран рано наутро во петокот. Техеран возврати со бранови балистички ракети и напади со беспилотни летала. Двете страни пријавија загинати и повредени.

И покрај растечкиот меѓународен притисок за деескалација, ниту една страна засега не изгледа подготвена да се повлече од конфликтот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Разбојници на секој чекор: Нападнале и ограбиле маж кој разменувал пари во менувачница
Следна Статија Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пожар во висококатница во Хонг Конг усмрти најмалку 55 лица, стотици се пријавени како исчезнати

Смртоносен пожар го зафати бамбусното скеле на повеќекатен станбен комплекс во Хонг Конг, убивајќи десетици луѓе и оставајќи стотици повеќе…

November 28, 2025
СВЕТ

Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти

Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше одлуката на компанијата Мета да ја прекине програмата за проверка на фактите, нарекувајќи…

January 12, 2025
СВЕТ

Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура

Русија изврши голем ракетен напад врз украинската енергетска инфраструктура низ целата земја, предизвикувајќи превентивен прекин на струјата во некои региони,…

January 15, 2025
СВЕТ

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?