Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелската национална авиокомпанија ги откажа летовите до 23 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израелската национална авиокомпанија ги откажа летовите до 23 јуни
СВЕТ

Израелската национална авиокомпанија ги откажа летовите до 23 јуни

Објавено June 15, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до голем број европски земји до 23 јуни поради тековниот конфликт со Иран, објави „Тајмс оф Израел“.

Засегнатите дестинации се: Берлин, Тбилиси, Барселона, Батуми, Варшава, Родос, Минхен, Тиват, Лисабон, Токио, Краков, Венеција, Солун, Марсеј, Крит, Кефалонија, Санторини, Кишињев, Белград, Тирана, Порто, Миконос, Лефкада и Москва.

Ограничувањето ќе важи сè додека безбедносната ситуација не стане појасна, соопшти „Ел Ал“. Во меѓувреме, компанијата работи на тоа да им овозможи на заглавените патници во странство да се вратат дома.

– Ги разбираме тешкотиите, неизвесноста и стресот што го доживуваат клиентите на „Ел Ал“ во странство кои сакаат да се вратат во Израел, како и клиентите чии планови се нарушени. Откако ќе добиеме одобрение од надлежните безбедносни и воздухопловни власти, ќе направиме сè што е во наша моќ за да обезбедиме што е можно повеќе Израелци да можат да се вратат дома. Постепено ќе го продолжиме нашиот редовен распоред на летови и со летови од дестинации блиску до Израел“, се вели во соопштението од авиокомпанијата.

Во меѓувреме, Советот за национална безбедност на Израел предупреди да не се патува во Израел преку Египет и Јордан, иако границите се отворени.

– Препорачуваме Израелците кои моментално се во странство и очекуваат да се вратат во земјата да чекаат ажурирани информации од Министерството за транспорт, се вели во соопштението за медиумите на Советот за национална безбедност.

По ескалацијата на непријателствата меѓу Израел и Иран, воздушниот простор на двете земји е затворен за цивилен воздушен сообраќај, откажани се сите летови, а израелските авиокомпании од петокото почнаа да ги преместуваат своите авиони надвор од државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
Следна Статија Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на Израел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра

Илјадници Авганистанци се преселиле во Велика Британија како дел од тајна шема воспоставена откако нивните лични податоци „протекоа“ во јавноста…

July 16, 2025
СВЕТ

Унгарија: Прекината ни е испораката на нафта по украинскиот напад на Русија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека испораката на нафта за Унгарија преку нафтоводот морало да биде прекината…

March 11, 2025
СВЕТ

Спасени 6 скијачи, 9 сè уште недостасуваат по лавината близу Езерото Тахое

Спасувачите стигнаа до шест преживеани по лавината близу Езерото Тахое, но девет скијачи сè уште се водат како исчезнати во…

February 19, 2026
СВЕТ

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан

 Израелските копнени сили навлегоа во најдлабокиот дел на либанската територија од почетокот на копнената операција пред шест недели, пред да…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?