Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите
БАЛКАН

Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите

Објавено June 16, 2025 14:01
Сподели
Сподели

Поранешниот амбасадор на САД во Србија Кристофер Хил смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во САД и да се жали на друга земја. „Луѓето немаат време за тоа“, вели Хил кој смета дека очекувањата се регионот сам да почне да си ги решава проблемите. Хил не очекува САД да се мешаат во решавањето на проблемите на Балканот, вклучително и во спорот меѓу Косово и Србија, како што тоа Соединетите Држави го правеа во минатото. Според него, овој регион не е приоритет за САД, па затоа решенијата мора да дојдат одвнатре. Хил е во овој момент помошник државен секретар за источно-Азиски и Тихоокеански работи во владата на САД. Неговите ставови се од дотолку поголемо значење, кога се има предвид фактот дека тој бил амбасадор на САД и во Република Македонија од 1996-1999 во времето на американскиот претседател Бил Клинтон.

Дел од покарактеристичните нагласки од интервјуто на Хил за Радио Слободна Европа (РСЕ) во продолжение:

РСЕ: На форумот ГЛОБСЕК 2025 (GLOBSEC 2025) во Прага клучни теми се глобалната безбедност и трансатлантската безбедност. Како се вклопува Западниот Балкан во пошироката стратегиска агенда на Европа?

Хил: Сосема е јасно дека Европската унија разбира оти има некои недовршени работи и дека тие се во Балканот. Мислам дека сега разгледуваат како да се справат со прашањето за нови членки. Дали да го прават тоа со вклучување на една по една земја? Дали да ги вклучат сите заедно? Значи, има многу прашања таму. Секако, тие ги разгледуваат и прашањата за усогласувањата. Но, расположението е дека такво што Европската Унија навистина треба да се ангажира и да се погрижи за некои недовршените работи. Тоа е она што го гледаме сега.

РСЕ: Тука на GLOBSEC, рековте дека е тешко да се предвиди политиката на американскиот претседател Доналд Трамп. Каков пристап може да очекува Косово од неговата втора администрација?

Хил: САД ќе се потрудат да им кажат на земјите од Балканот да почнат сами да ги решаваат своите проблеми. Луѓето се малку уморни од тоа во време кога земјите доаѓаат кај нас, или во некоја западноевропска земја и се жалат на својот сосед. Главниот проблем, секако, е што во светот се случуваат и други работи. Веќе не живееме во 1990-тите. Живееме во сосема поинаква ера. Завршено е времето кога една балканска земја може да дојде кај нас и да се жали на друга балканска земја. Луѓето веќе немаат време за тоа. Значи, тие сакаат да видат некои модели на соработка, создадени во регионот, а не само секоја земја да оди кај некој омилен член на меѓународната заедница и да каже: „Помогнете ни“.

РСЕ: САД историски се еден од најважните и најсилните сојузници. Дали очекувате тоа да продолжи, или предвидувате промена во тонот, или приоритетите?

Хил: Овие прашања на Балканот се многу сложени, но сложеноста на овие прашања е надвор од интересот на луѓето да ги разберат. Значи, да се отиде во САД и да се каже – ги имаме сите овие проблеми со нашите соседи и така натаму. Луѓето велат, погледнете, секој има проблеми, решете ги. Ќе се очекува, без да се има нужен медијатор секој ден, без нужно да се посредува од невладини организации или пријатели, да се види како некои луѓе ќе се обратат на непосредните соседи, ако имаат проблем со нив и да се обидат да ги решат бидејќи меѓународната заедница едноставно се свртела кон друг приоритети. Не велам дека Балканот повеќе не е важен. Тоа е во голема мера недовршена работа во Европа. Но, луѓето на Балканот треба да разберат дека има и други работи што се случуваат во други делови од светот. И затоа не очекувајте луѓето да се откажат од проблемите, со кои се справуваат, без разлика дали е тоа во Украина, Блискиот Исток , за да речат: Косово, како и сите држави на Балканот, навистина треба да се покренат и да ги решат своите проблеми.

… Главно прашање на Балканот е тоа што луѓето зборуваат за територија,  што зборуваат за земја. Но, вистинското прашање на Балканот, што треба да го разберат луѓето, е дека не е важна земјата, туку тие, луѓето. Прашањето е дали луѓето на Балканот сакаат да останат на Балканот или сакаат да се преселат некаде на друго место? И досега, оваа миграција на луѓе продолжува. Ова не е прашање на земја. Има многу земја. Прашањето е дали луѓето сакаат да останат, да работат и да живеат на Балканот.

Целото интервју тука

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се зголемува цената на бензините и на дизелот
Следна Статија ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 6 ЧАСА Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хрватска стана ново прибежиште за балканските криминалци

Нема граници за мафијата на Балканот.Во моментов Хрватска стана ново прибежиште за балканските криминалци кои добија и пасоши. Во гаражите…

April 22, 2025
БАЛКАН

Серија на земјотреси ја погодија Грција утрово – 24 часа после силниот во близината на Солун

Серија на земјтореси ноќеска и утрово ја погодија Грција, после вчерашниот силен во околината на Солун со 5,5 степени според…

November 4, 2024
БАЛКАН

(Видео) Се споделува снимка од Ана Брнабиќ каде што зборува на англиски јазик: „Чита англиски напишан на кирилица“

На социјалните мрежи се прошири снимка од претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, како држи говор на англиски јазик.…

May 15, 2025
БАЛКАН

Се сеќавата на Аиво Орав од времето на Шарените: Ја заврши кариерата и на Косово

Советот на Европската Унија денеска го назначи германскиот дипломат Дирк Шибел за нов специјален претставник на ЕУ во Косово. Шибел…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?