Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание
ЕКОНОМИЈА

Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание

Објавено June 16, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.

Владата, како што напомена, ќе ја следи ситуацијата, а засега цените не се премногу високи.

-Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу висока цена на горивата, но да видиме што ќе се случува. На берзанските производи Владата не може да има влијание зашто станува збор за цени кои се формираат на светските берзи, нагласи министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности што ја организираа Министерството за финансии (МФ) и Канцеларијата на ООН во Скопје.

Во врска со планот за мерки што го најави премиерот пред два дена, Димитриоска Кочоска истакна дека би оставила Владата да информира кога ќе има нешто официјално.

-МФ не е одговорно во овој дел, си има одговорни министерства. Ова се производи од енергетика, тука е Министерството за економија и труд, да ги оставиме да ги сработат, а потоа како Влада ќе излеземе со став по ова прашање, објасни министерката.

Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека поскапуваат бензините и дизелот. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе се зголемат за 1,50 денари по литар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 6 ЧАСА Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа
Следна Статија Зошто Иран најчесто лансира ракети врз израелските градови ноќе?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува за половина денар

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот

Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно…

December 30, 2025

Просечната долгорочна хипотекарна каматна стапка во САД на најниско ниво во повеќе од три години

Просечната долгорочна хипотекарна каматна стапка во САД е на најниско ниво во повеќе од три години, што претставува позитивен сигнал…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари

Илон Маск стана првата личност чие нето богатство се проценува дека достигна 500 милијарди долари, според американското списание „Форбс“, кое…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?