Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета
СВЕТ

(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Објавено June 19, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Болницата Сорока во Бершева на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад на израелска територија.

Во нападот беше погодена болницата и беше предизвикана значителна штета во неколку области“, се вели во соопштението на болницата.

Неколку минути претходно израелското Министерство за надворешни работи извести за „директен удар“ на важен објект каде се згрижуваат бројни израелски војници ранети во Појасот Газа. Во болницата биле сместени и цивили.

Според последните информации, најмалку 30–40 лица се повредени при иранскиот ракетен напад во Израел – вклучувајќи го и ударот врз болницата „Сорока“ во Бершева, како и повеќе локации во централниот дел на земјата.

Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z

— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025

Иранските медиуми објавија дека Иран утринава истрелал проектили кон Израел.

„Технолошки напредни проектили летаат над Тел Авив“, објави новинската агенција Фарс, додека иранската државна телевизија директно емитуваше снимки од Тел Авив.

Иран утрово најави дека ќе го натера Израел да зажали и плати за сите свои напади, во седмиот ден од интензивната и невидена војна меѓу двете земји.

„Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана со гордост и храброст и ќе го натераме агресорот да зажали и да плати за својата тешка грешка“, напиша иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на „Икс“, обвинувајќи го Израел дека сака да го прошири конфликтот во регионот и пошироко.

Израелската војска претходно објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лејкерси продадени за 10 милијарди долари
Следна Статија Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп поведе тужба против БиБиСи за монтирање на неговиот говор од 6 јануари

Бара над 5 милијарди долари оштета поради начинот на кој документарецот го уредил неговиот говор од 6 јануари 2021 година

December 17, 2025
СВЕТ

Астрономите открија необичен вселенски објект кој пулсира на секои 44 минути

Астрономите открија мистериозен објект на 15.000 светлосни години оддалеченост, кој редовно емитува двоминутни импулси на секои 44 минути, во радио…

June 2, 2025
СВЕТ

Топлотен бран во Индија, измерени 47,3 степени

Северна Индија е погодена од екстремен топлотен бран со температури значително над вообичаените за сезоната, што го нарушува секојдневниот живот…

June 10, 2025
СВЕТ

Маск: Доделувањето Медал на слободата на Џорџ Сорос е „травестија“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден вчера им додели Медал на слободата на голем број истакнати луѓе, како уредничката на…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?