Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лејкерси продадени за 10 милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лејкерси продадени за 10 милијарди долари
СПОРТ

Лејкерси продадени за 10 милијарди долари

Објавено June 19, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Семејството Бас се согласи да го продаде контролниот удел во Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател на холдинг компанијата „TWG Global“, пренесува ESPN.

65 годишниот Волтер е американски бизнисмен кој веќе има удели во други спортски институции и натпреварувања. Според „Форбс“, тој е рангиран на 589-то место на листата на најбогати луѓе во светот. Неговото богатство се проценува на 6,1 милијарда долари.

Волтер е извршен директор на TWG Global, која управува со средства преку фирми како што е „Гугенхајм партнерс“, каде што е и извршен директор. Компанијата управува со средства во вредност од над 300 милијарди долари.

Договорот е вреден 10 милијарди долари. Џини Бас ќе продолжи да ја извршува функцијата извршна директорка на клубот по продажбата.

Како што забележува „Yahoo Sports“, ова сега е најголемата продажба на професионална спортска франшиза во светот.

Претходно, Бостон Селтикс беа купени за 6,1 милијарди долари.

Во сезоната 2024/25, Лејкерси го зазедоа третото место во Западната конференција на НБА со скор 50-32 (победи-порази). Во осминафиналето на плејофот Лејкерси загубија од Минесота со 1:4.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“
Следна Статија (Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Меси: Тажен сум, но Шпанија беше подобра

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ги искажа впечатоците по поразот (0:1) од Шпанија ноќеска во финалето на Светското…

July 20, 2026
СПОРТ

Слабата Белгија се провлече во осминафиналето

Фудбалерите на Белгија беа на работ на елиминација од Светското првенство, но на крајот од драматичната битка во Сиетл успеаја…

July 2, 2026
СПОРТ

Винисиус откако не ја освои „Златната топка“: Тие не се подготвени

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор реагираше на одлуката да му се додели наградата „Златната топка“ на играчот од средниот…

October 29, 2024
СПОРТ

(Видео) Рафиња со хет-трик го сруши Баерн

Барселона во дербито на колото го декласира Баерн, а Лил на „Метрополитано“ го шокира Атлетико. Победи забележаа Манчестер сити, Динамо…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?