Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“
ЕКОНОМИЈА

Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Објавено June 19, 2025 09:09
Сподели
Сподели

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон за енергетиката.

Од тука велат дека добиле одговор од Регулаторната комисија за енергетика, кој е типичен пример на институционална покорност пред енергетскиот оператор ЕВН и очигледен доказ за нефункционирање на регулаторниот систем во заштита на јавниот интерес.

„Во нашата претставка баравме итно укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија, затоа што е во директна спротивност со член 185 од новиот Закон за енергетика. Дополнително побаравме итен вонреден надзор над ЕВН. Баравме РКЕ да упати јавен повик до граѓаните да пријавуваат незаконски издадени фактури. Баравме да се повика ЕВН на одговорност за континуираното прекршување на законските и договорните обврски“, велат инженерите.

Суштината на нивната претставка беше да истакнат дека мерењето на потрошената енергија е технички процес што го изведува мерниот уред, а отчитувањето е акција на операторот за прибирање на тие податоци. Се потенцира дека без отчитување, не постои правна основа за реална фактура. Сѐ што се фактурира без реален податок од мерниот уред, освен ако уредот е технички расипан, е спротивно на Законот за енергетика, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за облигациони односи и самиот Устав.

Во одговорот што го добивме наместо Регулаторната комисија да ја суспендира примената на членот 31, кој дозволува паушално фактурирање дури и кога има валиден измерен податок, таа тврди дека тој член останува во сила сè додека не се донесат нови подзаконски акти, иако истиот е очигледно спротивен на член 185 од Законот. Со тоа, РКЕ свесно го крши уставното начело според кое секој пропис мора да биде во согласност со закон. Подзаконски акт кој е спротивен на закон автоматски ја губи правната сила. Уште пострашно е што Комисијата во својот обид да го оправда системот, се повикува на обврски на МЕПСО (операторот на преносниот систем) иако темата на претставката се однесува на мерење и фактурирање кај домаќинства, што е исклучива надлежност на ЕВН Електродистрибуција и ЕВН Хоум, универзалниот снабдувач. Ова или укажува на неспособност за разбирање на правната и техничката структура на енергетскиот систем, или на намерно заматување на одговорноста, а патем еден член на Регулаторната комисија за енергетика е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката“, велат од Здружението додавајќи дка регулаторот дури отворено признава дека се обратил до Министерството за енергетика за „мислење“, како да е некаков пасивен извршител без самостојна надлежност.

Потсетуваат дека Регулаторната комисија, според член 46 од Законот е независно тело кое има целосна обврска да постапува по закон. Толкување на закони може да даде исклучиво Собранието. До тогаш, законот се применува таков каков што е. Барање мислење, според нив, не е основ за продолжена примена на незаконска пракса.

Оценката е дека со ваквото однесување, РКЕ ја погазува својата основна функција. Наместо да врши надзор над пазарот, како што ѝ е наложено со член 55 од Законот, таа активно го толерира кршењето на правата на потрошувачите, ја штити компанијата што има доминантна позиција на пазарот и дозволува нејзината волја да биде над законот.

Бараат веднаш да се суспендира примената на членот 31, да се поведе вонреден надзор над ЕВН и да престане практиката на фактурирање врз основа на измислена непроверлива потрошувачка. Најавија и други граѓански мерки за да се спроведе законот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Боно херој, Ал Хилал го запре Реал
Следна Статија Лејкерси продадени за 10 милијарди долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

По отпуштањето во Министерството за правда, Вашингтон е широко отворен за спојувања

Популизмот на кампањата на Трамп изгуби битка со базичниот либерален републиканизам. Дали тоа воопшто беше реално?

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

САД ќе ја продолжат предноста во продуктивноста врз основа на АИ бумот, велат економисти

Анкетата на FT покажува дека доминацијата на Америка во области како технологијата не се очекува да се промени наскоро

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Јапонските акции растат, обврзниците имаат цврста побарувачка: Преглед на пазарите

Акциите во Европа и Азија ја поставија основата во четвртокот, додека идните индекси на САД одржаа добивки додека трговците се…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?