Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
МАКЕДОНИЈА

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Објавено June 19, 2025 12:02
Сподели
Сподели

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот  систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. 

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април. 

Од вкупно починати 20 201, поголем број 10 604 или 52,5 проценти се мажи, наспроти 9 597 или 47,5 отсто жени. 

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица.

Според Меѓународната класификација на болестите најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем со 36.7 %, потоа неоплазмите со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.7 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одобрена е екстрадиција на македонски државјанин кој убил пензионер во Германија
Следна Статија ФЕД ги задржа каматните стапки, се најавуваат две намалувања до крајот на годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Кичево поставен автомат за млеко од фармата на манастирот „Света Богородица – Пречиста“

Новопоставениот млекомат во Кичево е најновата можност за кичевци да се снабдат со свежо кравјо млеко од фармата на манастирот…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бобан, комуналецот во Карпош за кој бараат награда: Никогаш не го видов да седи

Советничката во Општина Карпош, Татјана Стојановска од советничката група „Независни за Карпош“, јавно побара награда за комуналниот работник Бобан, кој,…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сопрена постапката за несовесно работење на судијата Лазар Нанев, ЈО се откажало од прогон

Нов скандал го тресе македонското правосудство. Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Министерот за добро владеење Фетаи уште не е подготвен да зборува на македонски

Одговорите на новинарите заменик-претседателот за добро владеење во Владата на Мицкоски, Арбен Фетаи, утрово ги даваше на албански јазик, иако…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?