Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Објавено June 19, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ.

-Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, рече Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.

Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.

Синдикатот во известувањето доставено на 16. месецов реагира и на неодамна објавениот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оценува дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Бара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“
Следна Статија Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски потврди: Чекиќ Дуровиќ ја потпишала фалсификувана лиценца за дискотеката

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека- Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет европратениците да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат од преговарачката рамка со ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека европратениците треба да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат како формален…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките во Македонија. Според…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во среда е Воведение, празник кој ни открива каква ќе ни биде наредната година

Православните верници во среда ќе го честуваат Воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот. Кога Пресвета…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?