Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара

Објавено June 19, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, но напомена дека тој ќе биде поддржан од коалицијата што ќе ја предводи неговата партија и дека ќе биде иден градоначалник. Ова го кажа во одговор на новинарско прашање во врска со подготовките за претстојните локални избори.

Не би споменувал имиња, бидејќи тоа е наша внатрепартиска процедура. Но, имаме неколку имиња кои се предмет на анкети и како што кажав во една изјава, во првата половина на јули ќе биде познат кандидатот и идниот градоначалник на Скопје, кој ќе биде поддржан од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, рече премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медимите по отворањето на комплексот Македонско село во Скопје.

За соработката со владиниот коалициски партнер политичката партија ЗНАМ, Мицкоски напомена дека се водат преговори за заеднички настап и поддршка на градоначалници и за советнички листи во општини каде ќе има потреба.

Со политичката партија ЗНАМ преговараме за заеднички настап на локалните избори во смисла на поддршка на градоначалници. За советничките листи, тоа го кажаа и од ЗНАМ дека ќе настапат со сопствени, автентични листи на овие избори. А, во општините онаму каде што ќе се договориме ќе имаме заеднички кандидати, рече Мицкоски во одговорот на прашањето со кого ќе соработува на претстојните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инцидент на СДСМ во Кочани: Советник на Венко со стаклено шише повреди правничка
Следна Статија Бугарски европратеници жестоко притискаат против извештајот за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски од Собрание: Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0

Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Заев и Филипче се фатени живи во бизнисот со марихуана – Јавното обвинителство мора да истражи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче,…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ носи мигранти за пари и прави намерна изолација на државата

Мигранти за пари и намерна изолација – предавство на Македонија, е обвинувањето што денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша…

December 14, 2025
ПОЛИТИКА

Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, а не 30.000 долари, како што вели СДСМ

Откако денеска СДСМ обвини дека сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на настан наводно се појавила…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?