Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата го усвои Предлог ребаланс на Буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата го усвои Предлог ребаланс на Буџетот
ЕКОНОМИЈА

Владата го усвои Предлог ребаланс на Буџетот

Објавено June 19, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Владата денеска го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. 

Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу 1 процент повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари. Растот на планираните средства е резултат на зголемени неданочни приходи – административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи, како и проширување на самофинансирачките активности на институциите, што ќе овозможи тековното работење и програмските приоритети наместо со целосно финансирање од буџетски средства да ги финансираат со користење средства од сопствени приходи, информираше министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција.

Како што дополни, даночните приходи остануваат непроменети. Според министерката, тоа е резултат на остварените приходи и подобрената методологија која што се користи за проектирање, која придонесува за помали отстапки меѓу проекциите што се прават и остварувањата на тие проекции.

Димитриеска-Кочоска информираше дека вкупните расходи се планирани на ниво од 403,7 милијарди денари и исто така бележат раст од околу 1 процент, односно за околу 3,5 милијарди денари како и на приходната страна, и се должи пред се на развојната компоненета.

Со предложените измeни, или ребаланс вршиме реалокација на средства меѓу буџетските корисници, дообезбедуваме средства за непречена исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде обезбедивме раст на платите на вработените од 10 проценти. Исто така, обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци и најважно е обезбедувањето дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи, додаде Димитриеска-Кочоска.

Таа напомена дека капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари, а измените се во насока на додавање средства за динамизирање на реализацијата на проектите кај коишто е веќе потврдена добра реализација, пред се во Министерството за одбрана.

Исто така, како што посочи, продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините, за кои претходно со донесената прераспределба беа обезбедени дополнителни 600 милиони денари.

Инвестициите остануваат приоритет на Владата и тоа го следи овој Предлог-ребалансот на Буџетот, а целта е да ја поттикнеме економската активности и да го оствариме проектираниот раст. Оттука, со Ребаласнот не се ревидира стапката на раст и таа останува на 3,7 проценти, како што беше проектирана и со Буџетот за 2025 година. Остварувањата во првиот квартал и регистрираниот раст на БДП од 3,2 проценти прилагоден согласно сезонските и календарските податоци, е јасен сигнал дека проекцијата е остварлива и реална, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа потенцира оти очекува таквиот тренд да продолжи и во наредниот период поддржан пред се од домашната потрошувачката, зголемените инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, финансиската поддршка на инвестициската активност на домашните производни компани, но и мерките за зголемување на расположливиот доход на домаќинствата, а имајќи го предвид незивесното окружување и послабата побарувачка на нашите главни трговски партнери.

Како што појасни, инфлацијата, која што на почетокот на годинава регистрираше нагорен тренд, се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти.

Проекцијата за инфлацијата ја темелиме на очекувањата за доследна примена на законските прописи, пред се на Законот за нефер тргоски праткики, кои треба да спречат неоправдано зголемување на цените, особено кај основните прехранбени производи. Измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година кои се усвоени од Владата се потврда на фискалната политика и нашите напори за фискална консолидција и домаќинско управување со јавните средства, односно парите на даночните обврзници, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа дополни дека буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.

Измените и дополнувањата на буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика која ја водиме во изминатата година и со која обезбедуваме консолидација и стабилизирање на макроекономската состојба. Економската активност добива на динамика и забрзува, таквиот тренд ќе го одржиме и во наредниот период со политиките кои се планирани со Ребалансот. Дисциплинираниот пристап во упраувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година, рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на тоа каде се крати, Димитриеска-Кочоска рече дека најмногу се крати од Владата, во најголем дел има прераспределба меѓу инвестициите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите
Следна Статија (ВИДЕО) Венко Крстевски и СДСM се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, обвинија од ВМРО ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на новиот Закон за енергетика кој го нарече „значајна пресвртница на патот на земјата кон…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и…

June 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат…

March 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи

Новиот закон за заштита од пушење на 24 март треба да се најде на владина седница, по што ќе биде…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?