Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста

Објавено June 19, 2025 16:32
Сподели
Сподели

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со своето делување значително придонесува за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во земјава. Тие искажаа задоволство од досегашната проактивност во водењето на монетарната политика и постојаното унапредување на регулативната и супервизорската рамка.

Оваа порака беше упатена за време на првата официјална средба на гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, со регионалниот претставник на ММФ, Себастијан Соса и новиот шеф на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили. Средбата се одржа во духот на продолжувањето на долгогодишната и конструктивна соработка, во интерес на одржувањето стабилен и отпорен економски систем.

Гувернерот Славески во своето обраќање ја истакна определбата на Народната банка за одржување на стабилноста, како и за понатамошно унапредување на независноста, транспарентноста и кредибилитетот на институцијата. Тој истакна дека Народната банка и во иднина ќе биде внимателна и проактивна при водењето на монетарната политика, постојано следејќи ги и анализирајќи ги и внатрешните, и надворешните ризици.

На средбата беа споделени мислења за сегашната економска и финансиска состојба, со осврт на светските економски движења и на нивните можни ефекти врз домашната економија. Соговорниците се осврнаа и на оцените и препораките од последната мисија на ММФ во рамките на редовните консултации според членот IV од Статутот на Фондот.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошна силна соработка и координација, заради навремено справување со потенцијалните предизвици и поттикнување стабилен развој. Соговорниците се согласија дека за справување со предизвиците од светската економска сцена се потребни конзистентни, одговорни и усогласени политики, при што постојаната поддршка и експертиза од страна на меѓународните партнери, како што е ММФ, има огромно значење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од понеделник 38 степени
Следна Статија Сергеј Четковиќ донесе емоција во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Конференција на „Блумберг Адрија“: Развојот на новите технологии ќе донесат поголеми промени отколку во претходните 100 години

Развојот на новите технологии и промените што се случуваат во глобалната економија ќе донесат поголеми промени, отколку  во претходните 100…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме…

July 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата го заврши најтешкиот дел од експресниот пат Дреново-Градско

Пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа, порача владејачката партија. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?