Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од септември ново покачување на пензиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Од септември ново покачување на пензиите
ХРОНИКА

Од септември ново покачување на пензиите

Објавено June 19, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.

Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од Буџетот кон ПИОМ годинава ќе изнесува некаде околу 50 милијарди и дека со предлог ребалансот се предвидуваат дополнително околу 2,5 милијарди.

Фондот за ПИОМ, посочи Кочоска, добива приливи по однос на придонесите кои што ги остварува буџетот и тие, иако поминуваат преку Буџет, директно се трансферираат во ПИОМ.

-Првата половина на годината имаше послаба реализација од она што ни е проектирано до крајот на годината, затоа што ние проектиравме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи ние немавме усогласување со минимална плата и понатаму растат платите и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонесите, така што, 2,5 милијарди се испланирани, но тоа е само резултат на тие ликвидносни недостатоци, што го има ПИОМ во насока на тоа колку тој остварува од сопствените приходи, појасни Кочоска.

Кочоска, исто така, потврди дека во предлог ребаланост на Буџетот има предвидено и зголемување на средствата за платите во јавниот сектор.

– Зборуваме за извршување на буџетот и ставката плати. Да, има зголемување. Најмногу тука ефектот е поради Министерството за внатрешни работи, кое што имаше покачување на платите од 10 проценти, а МВР во суштина брои и најголем број од администрацијата. Тие имаат околу 12 илјади вработени, појасни Кочоска.

За плати во јавниот сектор, Кочоска рече дека се некаде околу 800 милиони, од кои околу 600 милиони се за МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што се случува со СДСМ?
Следна Статија Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Приведен е возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила.…

March 27, 2026
ХРОНИКА

Полицајци ја пронашле малолетничката од Скопје по која се трагаше

На 11.01.2025 во 07.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле С.Р.(14), која…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Измамници „оперираат“ и покрај големата трагедија: Македонец од Норвешка понуди помош на семејствата на повредените од Кочани, па за малку ќе беше измамен

И покрај големата трагедија која ја погоди цела Македонија, измамниците не прекинуваат да „оперираат“. Воислав Дабевски кој живее во Осло,…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?