Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник
БАЛКАН

(ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник

Објавено June 20, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Необична и ретка појава го привлече вниманието на капачите во близина на Дубровник – во морето кај островот Локрум беше снимен кит, што предизвика вистинска сензација на плажите, пренесуваат хрватските медиуми.

Појавата на џиновското морско суштество предизвика мешани реакции. Додека дел од капачите коментираа дека ќе избегнуваат влегување во морето наредните денови, на социјалните мрежи не изостанаа и шеговитите коментари. „Од денес, набљудување на китови од брегот – 250 долари“, гласеше една објава што насмеа многумина. Друг корисник се надоврза: „Ќе поставам сепаре за 300 евра“.

Според проценките, се работи за перкаст кит – вториот најголем вид на кит во светот, веднаш по синиот кит. Овој вид може да достигне должина до 26 метри и тежина до 70 тони. Карактеристичен е по издолженото и елегантно тело, како и по асиметричната боја: едната страна му е светла, другата темна. Тој е и еден од најбрзите китови, способен да развие брзина и до 40 километри на час.

Иако овие морски џинови главно живеат во длабоките делови на океаните, понекогаш знаат да залутаат и во плитките води на Јадранското Море – појава што е навистина ретка и предизвикува голем интерес кај јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен 22-годишникот што усмрти жена на тротоар во Охрид
Следна Статија (ВИДЕО) Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија го забрани „ТикТок“ на една година

Албанската влада вчера одлучи да го затвори „ТикТок“ на 12 месеци поради „содржината што ја објавува и која поттикнува насилство…

March 7, 2025
БАЛКАН

Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за…

September 23, 2025
БАЛКАН

Скандал ја тресе Грција: Свештеници вложувале во ноќни клубови, проневериле 3 милиони евра

Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки…

October 25, 2024
БАЛКАН

Приведени 220 лица по масовниот протест во Атина

За инцидентите што се случија вчера во центарот на Атина по завршувањето на еден од најмасовните протести во последните години,…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?