Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ковачев: За темите за идентитетот и јазикот нема место во извештајот, се отвора пандорината кутија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Ковачев: За темите за идентитетот и јазикот нема место во извештајот, се отвора пандорината кутија
БАЛКАН

Ковачев: За темите за идентитетот и јазикот нема место во извештајот, се отвора пандорината кутија

Објавено July 3, 2025 15:08
Сподели
Сподели

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за Северна Македонија, потврдува бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев по пишувањата на бугарските медиуми.

Тој рече дека на барање на групата на Европската народна партија (ЕНП), трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕНП, Социјалдемократите (С&Д) и Обнови ја Европа (Либералите) – синоќа се согласиле да ги отстранат сите референци на „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Македонија.

Очекувањата се дека на пленарната седница следната недела мнозинството во Европскиот парламент ќе го поддржи овој амандман.

Ковачев истакна дека за темите за идентитетот и јазикот нема место во извештај за напредокот на земја-кандидат за членство во Европската Унија, бидејќи тие само водат кон поделби и отворање на Пандорината кутија.

Додаде дека целта на власта во Скопје е, пред локалните избори, да прикажат некаква „неверојатна триумфална победа над источниот сосед“.

Ковачев рече дека Република Македонија треба да го почитува потпишаниот договор со Бугарија и да ја деблокира работата на историската комисија, бидејќи тоа е местото каде треба да се дискутира за заедничката историја, како што е утврдено во договорот.

Тој изрази благодарност до сите колеги од сите политички групи во Европскиот парламент, особено до бугарските, за единствената позиција по ова прашање.

Премиерот Христијан Мицкоски, претходно денеска го опиша бришењето на термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ подеднакво лошо како и обидите да се стави придавката „модерен“ пред јазикот и идентитетот.

Рече и дека уште еднаш се покажало и се докажало на јавната сцена оти не се работи за само неколку стотини Бугари во Уставот, туку е многу, многу подлабоко. Тој побара да се извинат сите што досега убедуваа дека ако само се смени Уставот, нема да имаме проблеми.

Мицкоски рече и дека бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е направено на талибански начин.

Извештајот треба да се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент на 8 јули, а бугарските европратеници очекуваат поддршка од мнозинството за овој амандман.

Владата во мај годинава како голема победа на македонската дипломатија го претстави спомнувањето на македонскиот јазик и на идентитетот на четири места во извештајот за напредокот на земјата. Уште една победа нашата Влада прогласи кога нацрт-извештајот помина на комисија без измени и покрај барањето на бугарските европратеници пред македонскиот идентитет и пред јазикот да стои зборот „модерен“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Штокер: Гентерм инвестира овде затоа што веруваме во луѓето, во поддршката на Владата
Следна Статија Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Радев на иста линија со Филипче: Потребни се уставни измени и спроведување на вториот протокол

Политичкото раководство на државата Република Македонија тврдоглаво оди против интересот на сопствените граѓани за побрза европска интеграција, рече денеска премиерот…

June 18, 2026
БАЛКАН

Планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата со Косово

На 21.05.2025 во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија…

May 22, 2025
БАЛКАН

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик, лидерот на Република Српска

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за апсење на лидерот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на…

March 12, 2025
БАЛКАН

Албанија почна со уривање на дивоградби, кај Валона срушен трикатен објект (ВИДЕО)

Владата на Албанија продолжува со обемна операција за отстранување на бесправно изградени објекти, како дел од стратегијата за пристапување во…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?