Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен вработениот во Народна банка кој Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен вработениот во Народна банка кој Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче
ХРОНИКА

Уапсен вработениот во Народна банка кој Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

Објавено June 20, 2025 15:45
Сподели
Сподели

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче. Информацијата ја потврдија од Обвинителството.

„Да, лицето е лишено од слобода по наредба на јавен обвинител. Се преземаат и други дејствија”, велат од Обвинителството. Манев ги шокираше сите во судницата кога го кажа името на човекот и каде е вработен.

Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани.

– Ова е последната коцка од сложувалката. Ранецот е кај член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Тоа е сѐ за фамозниот ранец и за тоа дека лажам за ранецот, иако го има на камери, рече Манев.

Во својот завршен збор го повтори својот исказ даден претходно пред Судот во врска со двата кривично правни настани нагласувајќи дека одлучил уште од самиот почеток на судењето да ја зборува вистината „без разлика колкава казна би добил“.

— Од сите презентирани докази не негирав, туку и на нејасни снимки потврдував и признавав присутност. Не порекнував ништо што сторив и направив, не дообјаснував работи сѐ со цел судот да добие јасна слика за настаните што се случија. Се надевам дека Судот ќе ја цени мојата искреност за разлика од ОЈО кое упорно работи да нѐ прикаже како планери на убиството. Јасно кажав дека немам поим, ниту сознанија дека Палевски планира да убива. Зар би копал три метри дупка и би ја маскирал и покривал со таваници како влезна врата кога би знаел дека грабнатото лице треба да се убие? Не, туку би ископал обичен гроб, рече Манев.

Нагласи дека Јавното обвинителство настојува дека бил остварен контакт со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и дека, наводно, од него знаеле за времето кога излегува Вања, иако никој од обвинетите не го познавал Александар, ниту пак, тој нив. За него, рече, првпат слушнал во полициска станица.

— Немаат доказ дека таткото контактирал со Палевски. Јас лично не го познавам, а и тој самиот кажа дека не ме познава. Како дадов изјава дека се слушале, веќе ви кажав, со ќотек. Се прашувам каков интерес би имал да го бранам Сашо со мојот исказ, а за него прв пат слушнав во полициска станица. Некој овде лаже, рече Манев.

Во завршниот збор, Манев нагласи дека по извршените убиства од страна на Палевски сфатил дека тој имал двоен план и затоа, како што рече, ги зачувал снимките од неговиот ресивер.

— Откако ги изврши убиствата, ми стана јасно, но многу доцна сфатив дека имал двоен план, па затоа ги зачував снимките од мојот ресивер. Можев да ги избришам снимките и можев да ги исклучам камерите. Но, со тоа ќе му дадев алиби на Палевски, а според неговото кажување, виновници за убиството ќе бевме јас и Боре. Но, ние не направивме убиство, а јас лично немав ни мисла ни намера за убиство, рече Манев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски: Видевски пукаше, Манев е организатор, а Кешишев стражар на двете убиства
Следна Статија Просечната нето плата во април 45.452 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Случај крави од Крива Паланка: Приведени таткото и ќерките оти попречувале инспектори и полицијаци, а се заканувале и на соселаните

Лишени се од слобода три лица од Кривопаланечко, кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство…

December 3, 2025
ХРОНИКА

Велибор Манев фатен на снимка како внесува лопата во „кангуто“ на денот кога првпат требало да биде грабната Вања

Обвинителката Ана Стојковиќ на деншеното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски презентираше снимка која датира од 24.11…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Сакал да излезе од Македонија со 3622 монети со археолошка вредност: Албански државјанин фатен на Табановце

Полициски службеници вчера вечерта на ГП Табановце на излез од државата, го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија. -При…

November 19, 2024
ХРОНИКА

29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор

Вчеравечер Емилија П. од Штип била убиена страна на од нејзиниот сопруг, повратник од затвор. „Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?