Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски-Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски-Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион
ПОЛИТИКА

Мицкоски-Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион

Објавено October 7, 2024 13:55
Сподели
Сподели

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи. Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката-прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ.

Мицкоски рече дека разговарале за предизвиците со кои се соочува регионот, и посочиле дека е неопходно „во овие турбулентни времиња, да бидеме заедно, да бидеме глас на разумот и да работиме кон стабилност и безбедност на целиот регион“.

Ја истакнавме важноста на дијалогот како единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања. Во однос на нашите европски аспирации, ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека зборувале и во делот за енергетското поврзување на двете земји.

-Ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји. Бидејќи ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со нашиот јужен сосед, за да обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа, нагласи Мицкоски.

Српскиот премиер од своја страна, исткна дека Македонија и Србија имаат традиционално добри односи, и се согласи со Мицкоски дека клучно за Србија е изградбата на интерконекторот и нов пат за снабдување со природен гас за Србија, преку Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете
Следна Статија Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар од полноќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна

Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ вечерва на чело со Ахмети тргнува на „кампување“ во Скопје

 Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во тетовска Мала Речица почна состанокот на Централното претседателство на партијата, на…

December 9, 2024
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Градскиот парк ќе стане модерна зелена оаза на Скопје (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави проект за ревитализација на Градскиот парк, со цел да се создаде…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

Пратеничката Славјанка Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски само му порача дека спорот завршил во едно рочиште… Премиере,…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?