Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Објавено October 7, 2024 13:15
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле и на Клиниката за детски болести за да се утврдат причините за смртта на 14-месечното дете кое во саботата почина на Детската клиника. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека утрово имал состанок со директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Првиот состанок што го имав утрово беше со директорот. За овој случај формирана е и стручната комисија и веќе е на терен. Од девет часот утрово на терен се и стручната комисија и Инспекторатот“, рече министерот Таравари.

Тој вчера потврди дека 14- месечното бебе било вратено од Детската клинка, односно лекарите одбиле да го хоспитализираат. Родителите помош побарале на Клиниката во Козле, каде што го примиле, но поради влошена состојба било пренесено во Детската клинка, каде што почона.

Министерството за здравство извести дека детето било примено со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата со отежнато дишење и пад а сатурацијата. Телото на детето е предадено на обдукција за која од Министерството очекуваат да ги утврди причините за смртта.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, вчера на социјалните мрежи објави дека смртта на 14 – месечното дете е голема трагедија за него и како родител и како доктор. Најави дека не да остане мирен се додека не ги дознае причините за смртта и додека не се побара индивидуална одговорност за случајот доколку се утврди пропуст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Навремено достапни учебници, над 1.000 образовни асистенти, 36 капитални инвестиции
Следна Статија Мицкоски-Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“

Утре, 18 септември со почеток во 17:30 часот, повикуваме на протест против колективниот крах на системот и игнорантниот однос на…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието!

Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието и на штета на воспитно…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани

Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот…

March 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Планинарска патека „Васко Саздовски“ – пријателите на загинатиот Македонец маркираа насока во негова чест

Во чест на Македонецот кој загина при уривањето на настрешницата во Нови Сад, д-р Васко Саздовски, утре ќе пуштена рекреативна…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?