Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: По 8 години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: По 8 години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: По 8 години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија

Објавено October 17, 2025 12:02
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што Македонија, по осум години, конечно добива современ и сеопфатен план за дигитален развој.

– Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – усогласена со европските вредности и стандарди за Дигитална декада 2030, но и македонската визија и потреби, истакна министерот Андоновски.

СМАРТ/МК 2030“ е национален документ, дел од поширока европска дигитална агенда за развој. Како земја кандидат, Македонија ја прифаќа рамката на Европската дигитална декада, која предвидува четири цели до 2030 година:

Дигитално обучени граѓани и квалификувани ИКТ експерти,

Безбедна и поврзана инфраструктура,

Дигитализирани јавни услуги,

Дигитално интегрирани бизниси.

Нашата стратегија директно ги следи овие европски приоритети. Таа ја зајакнува институционалната конвергенција со земјите членки, создава можности за учество во европските дигитални програми, и овозможува пристап до финансиски инструменти и техничка помош од Европската Унија. Со неа, стануваме активен дел од Европската дигитална заедница – како партнер што придонесува со сопствени знаења, решенија и иновации, порача министерот Андоновски.

Оваа стратегија е резултат на широк и инклузивен процес. Се одржаа десетици јавни расправи и online консултации. Во нејзината подготовка беа вклучени над 300 експерти, институции, стопански комори, невладини организации, универзитети и претставници од ИКТ индустријата.

Секоја препорака, секоја мерка и секој приоритет произлегува од заеднички консензус – како да изградиме дигитална Македонија што ги обединува сите општествени сектори, заврши Андоновски.

Стратегијата е придружена со Акциски план, кој ја претвора визијата во конкретни чекори. Фокусот е на брза имплементација, јасни индикатори и континуирана евалуација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јамал е меѓу 10-те најплатени во светот, листата ја предводи Роналдо
Следна Статија МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ

Во рамките на престојот во Лондон премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Остварена средба со…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Службата за општи и заеднички работи соопшти дека радикално е зголемена наплатата на угостителските услуги кои се наплаќаат од функционерите…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски денеска го посетија…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?