Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

Објавено June 22, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.

-Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на в.д градоначалникот во однос на работењето на АХВ, само  го информираме дека Агенцијата не издава никакви HACCP дозволи како што тврди тој во јавноста, туку ја контролира работата на операторите со храна, само и исклучиво од аспект на исполнетост на општите и посебните услови за безбедност согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, регистрирајќи ги како оператори со храна во регистарот на институцијата. Токму според овие прописи, в.д градоначалникот не е овластено лице и не смее да врши контрола кај операторите со храна која се подготвува во угостителските објекти кои тој “ги контролира” и која може да ја контаминира, влегувајќи во кујните без заштитна облека и поседување на санитарна книшка за потврдување на неговиот личен здравствен статус, велат од АХВ.

Од Агенцијата порачуваат дека во ниту едни прописи, ниту во националните, ниту во европските, не е дефинирано  дали и какви фуги треба да има на плочките во кујните, а вработените лица во двете засебни кујни може да користат посебен санитарен јазол, што, како што беше јасно од видеото дека од угостителот е обезбедено, како засебно од она наменето за гостите.

-Агенцијата за храна и ветеринарство е стручна институција, а вработените професионално ја вршат својата работа. Инспекциските контроли се спроведуваат согласно Годишниот план за инспекциски надзори и по поднесени претставки и иницијативи за вонредни инспекциски надзори, се наведува во нивното соопштение.

Пред два дена Крстевски влезе во пицерија во градот и пренесуваше видео на социјалните мрежи, коментирајќи дека се пуши во затворен простор, има приклучок за струја во објект кој е дивоградба, има само еден тоалет и за мажи и за жени, и има две кујни како посебни објекти, од кои едната нема тоалет. Крстевски на 18 јуни до Кочанското обвинителството поднесе кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба, за кои рече дека работат надвор од законски прописи и стандарди, загрозена е безбедноста на жителите и гостите, а институците не смеат да дозволат да се случи „Пулс 2“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици
Следна Статија Ирански ракети погодија згради во Тел Авив (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца

Над илјада и двесте киограми месо, јајца, мед, ракија и маслиново масло, но и други производи уништила Агенцијата за храна…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стре

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека ќе има притисок врз Бугарија да не нè блокира

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, истакна дека партијата останува на ставот дека нема…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Очекувам редовни парламенарни избори во 2028 година, но сме подготвени и за предвремени

По конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски најави промени во раководството до првата половина на април,…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?