Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина
СВЕТ

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина

Објавено October 7, 2024 15:08
Сподели
Сподели

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун ја добија годинашната Нобелова награда за медицина за откритието на микроРНК, нова класа на ситни РНК молекули кои играат клучна улога во регулацијата на гените, објави денеска  шведскиот институт Каролинска.

„Годинашната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој управува со тоа како се регулира активноста на гените“, се наведува во соопштението на Институтот.

„Виктор Амброс и Гери Рувкун работеа на развојот на различни типови на клетки“, додаваат од комитетот.

Нивното „револуционерно“ откритие на микроРНК откри „целосно нов принцип на регулација на гените што се покажа како суштински за повеќеклеточните организми, вклучително и луѓето.

Сега е познато дека човечкиот геном кодира повеќе од илјада микроРНК“, се додава во соопштението на Комитетот.

Амброс (71) работи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс, додека Рувкун (72),  работи во Медицинскиот факултет Харвард и Општата болница во Масачусетс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Планираме да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот
Следна Статија По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп најави нови царини на лекови, камиони и мебел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 отсто на увоз на…

September 26, 2025
СВЕТ

Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин. Хуманитарната катастрофа…

July 26, 2025
СВЕТ

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинска држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,…

July 31, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Папата Франциск на сите им го честитaше Велигден од балконот на базиликата на свети Петар

Папата Франциск денеска кратко се појави на балконот на црквата Свети Петар за традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (До градот…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?